Но сигурно и едните и другите се убави на свој начин.


Холивудската убавица Камерон Диаз е позната по тоа што знае да прави шеги на своја сметка. Во едно интервју убавата Камерон истакна дека има толку голема уста што во неа може да стави цел хамбургер. 

Џулија Робертс сигурно е една од најпопуларните актерки на светот. Нејзината голема и според многумина не сразмерна уста секако не ја намали нејзината слава. Робертс во моментов е една од најубавите и најангажираните актерки во Холивуд.


Големата уста е заштитен знак и на славниот фронтмен на бендот „Аеросмит“ Стивен Тајлер.
Тој поради својот стил на пеење и секако големата уста е познат и по прекарот „Демонот на врискање“.


Позната и голема уста секако има и легендарниот лидер на „Ролинг Стоунси“ Мик Џегер. Неговите усни  се симбол на славниот бенд . Малку луѓе знаат дека на логото на легендарниот бенд стојат токму усните на Џегер.

Секако првата актерка која ќе ви дојде на памет кога ќе помислите на провокативни и сексапилни усни секако е холивудската убавица Анџелина Џоли. Нејзините полни усни се познати во целиот свет.

Датум на објава: четврток, 12 февруари 2015 во 19:31
Крсте Галевски

коментари

остави коментар