Почнувајќи од денес во ноќните часови поради спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен и на моменти силен северен ветер со брзина и над 80км/час, особено долж Повардарието.

Ветерот ќе дува и утре во текот на целиот ден што ќе услови значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени Целзиусови во однос на денешната. Температурата ќе изнесува од 15 до 23 степени.

До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината - соопштија од УХМР.

Датум на објава: вторник, 19 април 2016 во 12:25
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:25

коментари

остави коментар