Почна изградбата на хидро-системот „Бошава”

Проектот „Бошава” е еден од најинтересните проекти кои се спроведуваат во Република Македонија бидејќи претставува спој на неколку значајни компоненти, истакна вицепремиерот Пешевски кој денеска присуствуваше на почетоток на изградбата на овој голем проект во Кавадарци.

Инвестицијата, како што јави МИА, е вредна над 13 милиони евра и ќе се реализира со јавно приватно партнерство.

Партнери во овој проект се Владата преку јавното водостопанско претпријатие „Тиквеш“, општините Кавадарци и Росоман, приватна компанија од Словенија. Со проектот кој е мултифункционален ќе се зголеми капацитетот на вода за пиење за двете општини, ќе се добие технолошка вода за наводнување, а со искористување на потенцијалите на реката Бошава ќе се изградат пет мини хидроелектрани со максимална инсталирана моќност од 10.8 мегавати.

- Се работи за странска инвестиција, а привлекувањето на странските инвестиции е генерална определба на Република Македонија. Станува збор за проект за искористување на природните потенцијали кои ги има државата. Со овој проект ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија што значи заштита на животната средина, а се решаваат и потребите од инфраструктурата на граѓаните од неколку општини. Ќе има доволно вода за пиење и рестрикцииите во водоснабдувањето ќе станат минато за овој крај. Но, ќе има и вода за наводнување во земјоделството. Значи се работи за повеќе компоненти споени во едно, рече вицепремиерот Пешевски.

Ако се има предвид кој се учествуваше во овој проект, нагласи тој, ова е показател како треба да функционира една држава.

- Ова покажува дека кога има соработка меѓу централната власт и градоначалниците како што е тоа во случајов со Кавадарци и Росоман, вклучително и со странски инвеститор, странски амбасади и други чинители, успехот е неизбежен. Ова е доказ дека Македонија е зрела држава и може да реализира и вакви најкомплексни проекти. Овој тренд верувам дека ќе продолжи и во иднина. Овој проект ќе значи зголемување на стандардот на живеење во регионот и зголемување на квалитетот на живеење, рече Пешевски во своето обраќање пред присутните на свеченоста по повод ставањето на камен темелникот.

Тој нагласи дека овој проект е голема придобивка како за тиквешкиот регион така и за целата држава и пример како треба да се работи на повеќе чинители за развој на економијата. Потсети дека во Тиквешко постојат и други проекти кои се реализирани во соработка на општината Кавадарци и Владата.

- Владата и понатаму ќе ги поддржува сите добри проекти и идеи и тоа не само во земјоделството туку генерално и во инфраструктурата, привлекување на нови инвестиции и отварање на нови работни места и подобрување на стандардот и животот на населението, рече Пешевски.

Градоначалникот Александар Панов кажа дека со првите активности околу проектот започнале уште пред 4 години, а завршниот удар го имал токму Пешевски кој имал сенс за оваа работа.

- Благодарение на Владата на Република Македонија споивме во партнерство едно јавно претпријатие како водостопанство „Тиквеш“ кое е под капата на државата, приватен партнер од Словенија и локалната самоуправа. Ова е еден од првите примери каде ги бериме плодовите од сенсот на Владата за тоа јавно приватно партнерство, рече Панов.

Директорот на Водостопанство „Тиквеш“ Љубе Димов кажа дека со цевководот кој го гради општина Кавадарци ќе бидат донесени нови 200 литри во секунда вода за пиење со што ќе се реши проблемот со вода за пиење во наредните 30 години.

Директорот на Турбоинститут од Словенија Владимир Керцан рече дека проектот ќе се реализира до крајот на оваа година.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер