Фото: Бремена жена ги убила своите три деца, па се самоубила

Неверство на сопругот предизвика трагедија во малото англиско градче Ловсофт, каде бремена жена ги убила своите три мали деца, па се самоубила.
Според британски Дејли Меил, причината за оваа трагедија е аферата која ја имал нејзиниот партнер со друга жена и неговото напуштање на домот.

Фиона Андерсон, 23-годишна мајка на три деца и седми месец во бременоста вчера скокнала од повеќекатен паркинг. Пред тоа го одземала животот на своите деца, двегодишниот син и ќерките на возраст од три години и 11 месеци во семејниот дом. Се уште не е познато како тие загинале. Полицијата прво го пронашла нејзиното тело на паркингот, а три часа подоцна и трите невини жртви.

Една од последните пораки кои таа ги напишала на социјалната мрежа е дека му дала се што можела на својот партнер и дека неговите деца го обожувале. Во солзи и скршен од болка тој не коментирал за неговата афера која е причина за овој хорор.

Татјана не се откажува!!Сака на екс сопругот милијардер да му земе 526 милиони евра!!

Во тек е бурна и прескапа бракоразводна парница на милијардер и неговата екс сопруга.

Милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова никако да се договорат околу поделбата на огромниот имот. Поточно, Татјана не се откажува од битката за своите заслужени пари.

Фархад чие богатство е проценето на 1,4 милијарди долари , според одлуката на судот од 2016 година би требало на сопругата Татјана да и исплати 41,5 проценти од богатството, односно 526 мил. евра.

Но, Татјана за три години добила само 5,8 милиони евра и тоа со жестоко спротивставување на екс сопругот.

Екс сопругата сепак не се откажува од намерата „да го добие тоа што и припаѓа’, па со тим од адвокати успеала да „го замрзне имотот на поранешниот сопруг“ . Според следните судски чекори на нејзино име би требало да биде препишана и јахтата на Фархад Ахмедов вредна 401 милијарда евра, која досега не била влезена во бракоразводната пресметка меѓу екс сопружниците.

Следното рочиште е закажано за почетокот на ноември во судот во Лондон.

Оваа бракоразводна парница е една од најголемите и најскапите во историјата на судството на Англија, чии граѓани се Фархад и Татјана од 2000 година.

Татјана за време на бракот со Фархад „била домаќинка и се грижела за воспитувањето на синот единец“.  

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека" на Сува Гора

Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека" планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. 

Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата.

-Планинарско-рекреативната акција започна од тетовското село Блаце и заврши во селото Волковија. Дрвцата се засадија на две локации кај црквата Света Екатерина во Стенче и во близина на месноста Чука кај Волковија. Имаше голем број млади и деца, со оглед дека станува збор за лесна патека за пешачење, информираа од ПК Јелак.

Оваа акција се организира по втор пат, а поводот е одбележување на 1000 години од Охридската Архиепископија. Поздравно слово во црквата Света Мина во Волковја каде заврши пешачењето одржи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

-Патот на нашата Црква бил како оваа патека. Полн со восочини, но и со падови. Пред нас го поминале нашите предци, нашиот народ и свештенството, па страниците на нашата историја се исполнети со богати содржини, како што оваа патека е исполнета со нашето милениумско и постаро црковно и културно наследство: бројните археолошки локалитети, ранохристијанските храмови, поновите цркви и манастири, истакна владиката Јосиф.

Учесниците на Милениумската патеката, ги поминаа православните цркви „Пресвета Троица" и „Света Петка" во Блаце, ранохристијанската базилика во областа Граиште, „Свети пророк Илија", и новоизградената црква „Света Екатерина" во Стенче. Во Волковија се поминаа „Свети Атанасиј",„Свети Георгиј" при некогашниот Волковски манастир и „Свети Мина"./МИА

притисни ентер