Во Австралија се живее најсреќно

По трет пат Австралија е прогласена за земја во која луѓето се најсреќни.
Во истражувањето спроведено меѓу развиените земји од страна на ОЕЦД, Австралија по трет пат, според економските и други критериуми, е прогласена за најсреќна земја.

Животниот век на луѓето е најдолг -далеку над просекот и изнесува 82 години. 73% од 23 милиони Австралијанци на возраст од 15 до 64 години се вработени, примањата им се над просекот.

Австралија ја избегна економската криза и рецесијата во 2009. Австралискиот долар е најсилен во последните 30 години.

По Австралија, среќни луже живеат во Шведска, Канада, Норвешка и Швајцарија.

САД се на 6 место, потоа се редат Данска, Холандија. Исланд, Велика Британија.

Германија и Франција се на 17 и 18 место. Грција на 30. Русија на 32 место а Турција на 36то.

Дневен хороскоп за 14. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 14. ноември 2019 година . 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.

Кариера

На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.

Кариера

Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.

Кариера

Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.

Здравје и совет

Вие сте добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.

Кариера

И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.

Здравје и совет

Не е се во материјалното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.

Кариера

Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.

Здравје и совет

Бидете јасни и недвосмислени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.

Кариера

Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.

Здравје и совет

Бидете објективни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. Ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.

Кариера

Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.

Здравје и совет

Имате причини и за радост и за тага.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.

Кариера

Ќе поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Здравје и совет

Подобрување.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.

Кариера

Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.

Здравје и совет

Денеска имате влијание врз другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.

Кариера

Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.

Здравје и совет

Продолжете понатаму без нервоза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.

Кариера

Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.

Здравје и совет

Можни се мали проблеми со видот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.

Кариера

Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Огромен помор на птици покрај езеро во Индија (ВИДЕО)

Никој не знае што можело да бисде причината за смртта на најмалку 2 400 птици , кои денеска се најдени угинати покрај брегот на соленото езеро Самбар во северозападната индиска држава Раџастан.

Шумските служби пронашле околу 2.400 мртви птици во езерската област, вклучувајќи и 20 преселни видови кои секоај година доаѓаат на местото.

„Овие птици преселници мигрираат низ средноазиската рута, која опфаќа региони како Сибир, Монголија, Иран и Авганистан“, рече шефот на шумската служба Аган Прасад.

На фотографиите на езерото Самбар се гледаат стотици мртви птици. Властите сè уште не откриле што го предизвикало поморот на птиците. Една од претпоставките е дека тоа се должи на високите концентрации  на соли и алкални материи во водата.

„Примероците од езерската вода беа испратени на анализа“, рече Ашок Шарма, директор на Државниот дијагностички центар.

"Во овој момент, се сомневаме дека причина за смртта на птиците е високото ниво на токсичност и соленост на водата. Ќе знаеме повеќе кога ќе пристигне извештајот", додаде тој.

Иако ова езеро е премногу солено за многу видови животни, околу него се собираат јата фламингоси, штркови, шљуки и слични птици. Не е познато точно кои видови птици починале. На снимките се гледа како работниците собираат мртви птици и ги ставаат во камион за погребување.

Снаата на Цеца во розово ја прослави девојачката вечер (ВИДЕО)

Србија е во очекување на ,,свадбата на векот” , а до тогаш , снаата на Цеца, Богдана Родиќ, објави фотографии и видеа од девојачката вечер.

За 11 дена се жени  Вељко Ражнатовиќ, син на турбо фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ - Аркан.

Откако со недели го чекаа полнолетството на Анастасија, Србите сега внимателно ги следат сите вести за свадбата на Ражнатовиќ со неговата бремена девојка, Богдана Родиќ.

Вечерва е моминската ноќ на Богдана, а социјалните мрежи се полни со слики и фотографии.

Идната невеста се забавува  со Анастасија Ражнатовиќ, нејзините сестри и пријателки, а прославата започна во лимузина. Сите беа облечени во бели наметки, додека Богдана носеше розова. Ова за некои беше доволен знак, дека таа треба да роди женско бебе.

Балони, цвеќиња, украси, свеќи, храна и музика ги  пречека во вилата каде се спавече во чест на идната госпоѓа Ражнатовиќ.

притисни ентер