Деветгодишната Марина утре ќе оди на операција во Скопје

Деветгодишната Марина Цветноска од селото Црешнево близу Македонски Брод која има вродена срцева мана утре ќе биде хоспитализирана во Детската кардиохирушка клиника во Скопје.
Викендов ќе бидат извршени неопходните лабораториски и други испитувања, а в понеделник детето треба да биде оперирано од врвни американски доктори по детска кардиологија. За транспортот и хоспитализирањето во Скопје денеска договорија Маја и Велче Цветноски, родителите на болната Марина со надлежните од Фондот за здравство, локалните власти и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи при посетата на  семејството во црешнево.

По вчерашниот прилог на Канал 5 за ова десетчлено семејство кое живее во сиромаштија без елементарни хигиенски услови во една соба со три кревети веднаш реагираа надлежните институции во државава и одговорните на проектот за спас на децата со срцеви заболувања во Македонија. Целиот оперативен зафат ќе го плати државата.

Покрај бесплатната операција транспортот и постоперативното закрепнување на Марина, како што информираат локалните власти од Брод по вчерашната потресна сторија за семејството Цветноски на Канал 5 телевизија, нејзината мајка Маја ќе биде вработена како хигиеничарка во подрачното училиште во Црешнево во рамките на владиниот проект за постојано вработување на 1600 најзагрозени социјални случаи во Македонија.

Почнува бесплатната вакцинација против сезонски грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип, со кое се опфатени постари лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува денеска во центрите за јавно здравје.

 Вакцинирањето  ќе се одвива во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир, каде што ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Мајлон Абот" (Mylon Abot), а 1.000 вакцини од „Санофи" (Sanofi).

За оваа сезона се набавени 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Секој кој сака да прими вакцина против грип и е опфатен во една од претходно наведените групи треба да закаже преглед преку системот „МојТермин" кај матичниот лекар, а потоа да се упати во Центарот за јавно здравје во градот или во еден од трите пункта во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир.

Дополнително на овој број се набавени уште 20.000 вакцини во рамките на центрите за јавно здравје, каде што кој било граѓанин може комерцијално да ја купи вакцината и да биде вакциниран.

Дневен хороскоп за 22.ноември 2019 година

Дневен хороскоп за петок , 22. ноември 2019 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Се ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Деми Роуз ги шокира минувачите во Лондон (ФОТО)

Манекенката Деми Роуз (24), по краткиот годишен одмор во Кан, се врати во Лондон за во вторникот вечерта да учествува на промоцијата за козметиката Скини Тан.

Како и обично, бујната Деми, кој има скоро 11 милиони следбеници на Инстаграм, се појави во целосно проѕирен мини фустан без градник.

Не можеше да се скрие фактот дека не носи градник или дека носи само танга.

Прекрасниот фустан од чипка имаше дополнителен секси детал - нејзиното деколте беше наполнето со ситни ленти.

Поради едноставната шминка и бујното деколте, Деми потсети на Шерон Тејт во филмот ’The Vampire Bal’.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My kind of morning... 🥰

A post shared by Demi Rose 🌹 (@demirosemawby) on

притисни ентер