Луѓето кои за влакно се спасиле од сигурна смрт!

Мало девојче било погодено со 6 куршуми за да ја заштити мајка си, стјуардеса испаднала од авион разнесен од терористи, човек кој 7 пати бил погоден од гром - сите преживеале!

Сајтот BuzzFeed во своето видео зборува за неколку луѓе во светот кои чудесно избегнале сигурна смрт - меѓу нив мало девојче кое примило 6 куршуми во своето тело за да ја заштити мајка си, стјуардеса која паѓала 3 минути од авион разнесен од терористи, човек кој 7 пати бил погоден од гром!





























Рој Саливен е човекот кој 7 пати бил удрен од гром. Од 1942 до 1977 овој чувар на парк од Вирџинија секој пат успеал да остане жив. Од громовите добил дупки на чевлите, косата му била запалена, се онесвестувал и му била повредена ногата но - секој пат останал жив!




























Елвита Адамс - скокнала од 86 спрат од Емпајар Стејт зградата во 1979 година за да се самоубие, но ветерот бил толку силен што ја залепил на прозорецот еден спрат подолу. Бргу била спасена. Го скршила колкот но бргу закрепнала.





























Девојчето херој - да ја заштити својата мајка Алексис Гогинс се фрлила во прегратка на мајка си додека во неа пукал поранешниот партнер кој ги киднапирал. Побеснет, тој продолжил да пука и дури 6 куршуми завршиле во телото на девојчето. По многу операции Алексис заздравела, во ужасната епизода изгубила едно око, но и таа и мајка и го преживеале нападот.




Во видеото погледнете и за човекот нападнат од мечка - додека го гризела с епретворал дека е мртов, за стјуардесата на ЈАТ која паднала од авион по терористички напад и закрепнала и повторно му се вратила на летањето, за жената погодена од метеорит!















Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули .

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.

Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.

Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет.

Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања , објави на ФБ Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја

Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10 проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.

„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме само поважните:

- Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

- Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделувањето земјоделско земјиште. - Форсирање на синџирот "од нива до трпеза".

- Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана откупна цена“, рече Буневски.

Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно. „Токму затоа, рече тој, - сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.

Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено засовремените технологии и иновации во секторот, професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на традиционалните производи и производи со познато географско потекло и рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.

Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските школи и факултети.

„Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер