Чепреганов: Којзнае што може да се изроди од спорот за името

И по сто години од Букурешкиот договор, неговиот дух е сеуште жив. Големите сили како и тогаш и сега гледано од аспект на Македонија ја применуваат истата тактика на негирање на идентитетот и се што е македонско- цени историската фела во земјава, кои денеска дискутираа на четвртата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора
 И по сто години од Букурешкиот договор, неговиот дух е се уште жив. Големите сили како и тогаш и сега гледано од аспект на Македонија ја применуваат истата тактика на негирање на идентитетот и се што е македонско- цени историската фела во земјава, кои денеска дискутираа на четвртата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора.Прашањето за името тлее долго време којзнае што може да се изроди од ова вели историчарот Тодор Чепреганов.
  
 Букурешкиот договор гледано од овој временски и историски ракурс не е ништо повеќе отколку израз на незавршена балканска војна, која има за цел да ја уништи македонската држава, нација, традиција и култура вели професорката Виолета Ачковска.

    За Професор доктор Јованка Кепеска излезот треба да се бара во говорењето пред светот за неправдата што им е нанесена на Македонија и на Македонците со Букурешкиот договор.

    На денешниот втор ден од конференцијата се обрати и министерот за надворешни работи Никола Поповски кој говореше за аспектите на македонската дипломатија 91-ва 2013-та година, притоа нагласувајќи дека сега Македонија се фокусира на јакнење на економската дипломатија во функција на подигнување на животниот стандард на граѓаните.


Се запали конзерваториумот ,,Чајковски” во Москва(ВИДЕО)

Рано утрово се запали зградата на државниот конзеравториум ,,Чајковски” во Москва.

Според медиумите , нема повредени во пожарот , а штетата дополнително ќе се утврдува.

На самото место пожарот го гаснат 15 противпожарни тимови.

Куба на референдум – капитализам или социјализам

Над 8 милиони Кубанци утре излегуваат на референдум за новиот Устав , кој и покрај измените , го задржува социјалистичкото уредување на државата.

Новиот Устав на Куба би требало да го замени оној од 1976 , во кој ќе се признае приватната сопственост и странски вложувања. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето ,,Дали ќе го ратификувате новиот Устав на Републиката”.

Власта , предводена од претседателот Мигел Дијаз Канел лобира како никогаш до сега за одговорот ,,да” , со реклами на сите ѕидови , автобуси , во медиумите и на социјалните мрежи.

Опозицијата , пак ги повикува луѓето да гласаат ,,не”. Според анкетите , 70 до 80 проценти од граѓантите се за измени на Уставот , а првите резултати ќе бидат познати в понеделник попладне.

Над 100 возила изгореа на аеромитинг (ВИДЕО)

Над 100 возила изгореа за време на одржувањето на авиомитингот во близина на индискиот град Бангалуру.

Возилата биле на паркингот , кога избувнал силен пожар , предизвикан најверојатно од цигара. Поради сувата трева и силниот ветар , пожарот набргу ги зафатил возилата , во кои за сега се наведува дека немало никој.

Сопствениците на возилата го следеле аромитингот ,,Аеро Индија 2019” , кој неколку дена се одржува на аеродромот во близина на Бангалуру.

притисни ентер