Уште две возила на македонски туристи оштетени во Грција

Два нови случаи на оштетувања возила се пријавени од македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 55 случаи, соопшти МВР.


На Граничниот премин „Богородица“, Д.С. од Скопје, кој управувал патничко возило „Сеат Кордоба“, со скопски регистерски ознаки, вчера пријавил дека во градот Солун, возилото му било изгребано со непознат предмет на левата и десната страна од задниот браник. Оштетувањето не е пријавено во грчката полиција.

Во вториот случај, на Граничниот премин „Богородица“, Т.А. од Скопје, кој управувал патничко возило „Мерцедес“, со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Платемона му биле одземени предната и задната регистерска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

- Со овие две новорегистрирани случаи, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 55 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 55-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 38 се кражби на регистарски таблички, од кои во 26 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со шест кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нараснала на 14 случаи, стои во соопштението од МВР.

Од вкупниот број случаи 35 се пријавени од страна на македонски државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Инаку, 29 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава, посочуваат од МВР.

Пожар во руска рафинерија

Пожар во руска рафинерија: „Краток спој“ или украински дронови? 

Неколку вагони со нафта се запалија во четвртокот во близина на нафтена рафинерија во Омск, југозападна Русија.

Во близина на Транссибирската железничка линија изгореа локомотива и три вагони со речиси 90 тони нафта. Снимките покажуваат огромен пламен и остар црн чад што се издига над железничката станица.

Огромен пожар на железничката станица Комбинатска зафати околу 10.750 метри квадратни, додека 58 пожарникари неколку часа се бореа да го локализираат.

Притвор од 30 дена за жител на Непроштено за разбојништво и поседување автоматска пушка

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

притисни ентер