Сарачини: Се зголемува бројот на компании кои користат евтини кредити од ЕИБ преку МБПР

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска, заедно со директорот на Македонската банка за подршка на развојот (МБПР) Драган Мартиновски и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи, ја посети пекарата и мелницата „Пекон“ во селото Челопек, општина Брвеница.

„Пекон“, сопственост на семејството Адеми, е корисник на два кредита преку МБПР, едниот во износ од 147.000 евра за набавка на опрема од Италија, и вториот од 100.000 евра за набавка на дополнителна опрема за производство на леб и бели пецива, кои доспеваат за две години. Компанијата планира да го зголеми производство на леб чиј досегашен капацитет е 3.000 парчиња дневно и речиси двојно да го зголеми капацитетот на мелницата.

- Со овие кредити ги зголемивме нашите капацитети, производството на брашно е зголемено, од 30 тони на 70, а зголемен е и бројот на вработените, изјави вели сопственикот Јусуф Адеми.

Според министерот Сарачини, интересирањето на компаниите како „Пекон“ е добар сигнал за домашната економија, бидејќи се поголем број стопански субјекти се интересираат за вакви ефтини кредитни линии.

- Од Европската инвестициска банка обезбедивме околу 100 милиони евра за оваа година и досега се веќе реализирани 78 милиони за 1.171 ново работно место. Останатите 22 милиона евра ќе бидат реализирани до крајот на годината. Веќе сме во преговори со истата банка за следната година да обезбедиме иста кредитна линија, рече Сарачини.

Тој апелира стопанствениците да ги користат поволностите што ги нуди државата, овојпат поволните кредити од МБПР. На почетокот од овој месец, рече, беа повлечени и шестата и седмата транша во износ од 100 милиони евра. Со шестата транша за малите и средните претпријатија вредна 6.241.000 евра ќе се поддржат 29 проекти.

Според него, еврозоната по шест квартали постојан пад на бруто домашниот производ забележа раст од околу два отсто што е позитивен сигнал за македонската економија која 60 проценти од извозот реализира во земјите на ЕУ.

- Тоа се совпаѓа со предвдувањата дека во втората половина на 2013 година ќе продолжи растот на економијата уште повеќе. Значителен раст има и во Германија по што се очекува да се реализираат и нарачките на компаниите од Европа што ги имаат со нивните партнери кај нас, нагласи министерот.

Во МБПР, како што информира директорот, постојано пристигнуваат барања од македонските компании за користење на овие средства.

- Во овој момент се обработуваат кредитни барања во висина од околу 6 милиони евра кои очекуваме дека Европската инвестициска банка ќе ги одобри во текот на август, а компаниите ќе може да ги користат од септември годинава. Станува збор за две кредитни линии, првата подолгорочни инвестиции за набавка на опрема, уреди, машини, со рок на отплата до 8 години и грејс период од две години, и втората за обртни средства со краен рок од 3 години и грејс период од 6 месеци. Каматната стапка е многу поволна и изнесува 5,5 кредитни поени, рече Мартиновски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со статистичките показатели за бројот на туристите, министерот Сарачини рече дека до мај годинава е забележан пораст на странските туристи за 25 отсто и кај домашните за 11 проценти.

- Не се задоволуваме со овие податоци за порастот на туристите, бидејќи сметаме дека Македонија има голем потенцијал да стане атрактивна туристичка дестинација. На овој план треба да се преземат дополнителни мерки, инвестиции за подобри патишта и за оние што претстојуваат кај нас, како и за оние што транзитираат. Со субвенционирање во оваа сфера почнавме пред две години кога беа обезбедени 60 милиони денари или 1 милион евра и тоа веќе ги дава резултатите. Размислуваме за проширување на списокот на земји кои можат да аплицираат за овие субвенции, нагласи Сарачини.

Владината стратегија за развој на туризмот, додаде, има два дела, првиот за задачите што треба да ги направи централната власт и вториот што треба да биде обврска на локалните власти. - Сакаме подеднакво да ги развиваме летниот, зимскиот, еко, алтернативниот, винскиот и секој друг вид туризам што ќе има позитивно влијание на економијата, изјави Сарачини по посетата на Челопек.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер