Опожарена црквата Света Петка во село Долно Егри

Пожар кој започнал од запалени стрништа во битолското село Долно Егри ја зафатил и локалната црква Света Петка. Од битолската полиција потврдија дека се опожарени таванскиот дел и камбанаријата на црквата.
Според Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола, најверојатно пожарот избил на 14-ти август, но граѓани во полиција го пријавиле денеска. Во селото Долно Егри не живее ниту еден жител, така што најверојатно огнот не бил забележан навреме за да биде спречено опожарувањето на храмот. Најблиските жители се на два километри во селото Средно Егри.

Екипа на СВР Битола изврши увид на лице место. Од битолската противпожарна служба велат дека пожарот кај нив воопшто не бил пријавен, но утре ќе излезат на терен за да видат колкави се оштетувањата.



Косово издаде меѓународна потерница по српски националист за убиство на Ивановиќ

Косово издаде меѓународна потерница по српскиот националистички лидер Милан Радојчиќ поради вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ , соопшти денеска министерот за правда.

Оливер Ивановиќ беше убиен во јануари 2018 пред канцеларијата на својата партија во Косовска Митровица ,во делот на градот населен со српски жители.

Судот во Приштина денеска издаде потерница по главниот осомничен Милан Радојчиќ, соопшти министерот за правда, Абелард Тахири.  

Радојчиќ живее во Србија и често може да се види во друштво со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој негираше каква било вмешаност со убиството на Ивановиќ.

Косовските власти лани уапсија двајца полицајци , Срби по националност, во рамки на истрагата за убиството на Ивановиќ.

Ќе има ли забрана за одржување на првата геј парада во Сараево?

Министерот на полицијата на кантонот Сараево соопшти дека собирот не добил одобрение за одржување.

Првата парада на городста во Сараево , најавена за почетокот на септември би можела да биде забранета , најави денеска министерството за внатрешни работи на кантонот, поради тоа што властите биле подфелени по ова прашање.

Министерот за внатрешни на кантонот Сараево, Адмир Катица рече дека собирот нема дозвола за одржување , а појасни и дека може да биде издадена забрана за одржување на парадата на гордоста.

Во исто време , премиерот на кантонот Сараево , Един Форто порача дека ќе направи се за парадата да се одржи.

И политичките партии во БиХ се поделени во врска со одржување на собирот , така што дел порачуваат дека  тоа уште повеќе би ја вжештило политичката состојба во земјата , додека дел од партиите се залагаат за прв пат да се одржи Прајд во Сараево.

Царовска на маалска средба во Јурумлери: Гази Баба ќе добие нова градинка

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба денеска беше на маалска средба со граѓаните на населеното место Јурумлери, општина Гази Баба.

Според соопштението на СДСМ, пред граѓаните Царовска порача дека Гази Баба наскоро ќе добие нова градинка, а преку инвеситрањето во нови објекти на градинки, опфатот на деца во градинките ќе порасне на 50 отсто.

- Владата предводена од СДСМ постојано инвестира во проширување на капацитетите на детските градинки и зајакнување на кадарот во градинките. Сето тоа е со цел да се врати достоинството на воспитувачите да се зголемуваат платите, како и да се подобруваат условите за работа, но и да се зголеми опфатот на деца во градинките, порача потпретседателката Царовска.

Царовска истакна дека преку успешните економски политики позитивно се влијае на зголемување на просечната плата. 

- Податоците на Државниот завод за статистика кои излегоа неодамна и според кои просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, изнесува 25 205 денари се потврда дека СДСМ дава напори да го реализира ветеното пред граѓаните. Покрај зголемувањето на платите, преку субвенциите за земјоделците, повратот на дел од Данокот на додадена вредност за граѓаните, намалувањето на ДДВ за парно греење и зголемената финансиска поддршка за отворање на нови фирми парите ги насочуваме директно кон граѓаните, истакна Царовска.

СДСМ ги реализира потребите на граѓаните и се менува во нивен интерес. Маалските средби како нов концепт на делување на СДСМ продолжуваат и во следниот период.

притисни ентер