Петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија - останаа уште 9 дена за потписи

Со петицијата се бара признавање на македонските возачки дозволи во Германија, а за поддршка на оваа петиција останаа уште 9 дена. Еве како може да се поддржи оваа петиција:

Целта на петицијата е признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија.

( ВАЖНО: По потпишувањето во петицијата ќе ви стигне e-Mail со кој ќе потврдите дека сте гласале.
Исто така во потрдниот e-Mail имате опција петицијата и по Mail понатаму да ја споделите )

„Причини: Според официјалниот попис, во СР Германија заклучно со датум 31.12.2015 се регистрирани 95 976 македонски државјани (*1) (околу 5 проценти од вкупното население на РМ Македонија).

Бројот на регистирани македонски државјани во СР Германија, кој во периодот 2014-2015 се зголемил за 12 122, се очекува постојано да се зголемува, поради големата заинтересираност на македонските граѓани за работа во СР Германија.

Една од главните пречки на доселените работници и жители од Р. Македонија во СР Германија е неможноста за признавање / правење препис на македонските возачки дозволи во германски дозволи после 6 месеци престој во СР Германија.

Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат 6 месеци искуство со управување моторни возила во СР Германија, и поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во СР Германија. Нужноста да македонските возачи во СР Германија после 6 месеци да мораат да го преполагаат возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но и пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот со сопствено или комерцијално возило. Р. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 и веќе има склучено договори со земјите членки на ЕУ Италија и Шпанија за реципрочно признавање на возачките дозволи (сите категории), како и земјите кандидати за членство во ЕУ Албанија, Србија и Црна Гора.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај (1968) , меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) е склучено и со земјите членки на Европската Унија: Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија (*2). Собранието на Р. Македонија прави постојани напори за усогласување на националното законодавство со европското законодавство со цел приближување кон стандардите на Европската Унија. Како дел од тој процес е изработена и Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020, согласно со регулативите, актите и документите од Европската унија наведени во поглавје 7.2 и 7.3 во документот ,,Втора национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020‘‘ - стои во петицијата.

Тука можете да го погледнете упатството за пополнување на петицијата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер