Пет нови екипи обезбедија пласман во нок аут фазата на Лига Европа

Со одигрувањето на првите 12 натпревари од 6. коло од групите на Лига Европа на УЕФА уште пет екипи обезбедија пласман во следната фаза и тоа Астана, Лудогорец, АЕК, Локомотив Москва и Копенхаген.
Остануваат уште три празни места, кои ќе бидат позанти по комплетирањето на 6. коло.

Пласман претходно во нок аут фазата обезбедија Виљареал, Партизан, Динамо Киев, Брага, Милан, Олимпик Лион, Аталанта, Реал Сосиедад, Зенит, Виктирија Плзен, СБ (Стеауа), Арсенал, Салцбург, Остерсунд, Лацио и Ница.

Во нок аут фазата од Лига Европа ќе играат и третопласираните екипи од групите од Лигата на шампионите - Спартак Москва, Наполи, Лајпциг, Борусија Дортмунд, ЦСКА Москва, Селтик, Атлетико Мадрид и Спортинг.

Резултати на досега завршените дуели од 6. коло:

А група: Славија Прага - Астана 0:1, Виљареал - Макаби Тел Авив 0:1.

Табела: Виљареал 11 бодови, Астана 10, Славија Прага 8, Макаби Т.А. 4.

Б група: Јанг Бојс - Скендербег 2:1, Динамо Киев - Партизан 4:1.

Табела: Динамо Киев 13, Партизан 8, Јанг Бојс 6, Скендербег 5.

Ц група: Башакшехир - Брага 2:1, Хофенхајм - Лудогорец 1:1.

Табела: Брага 10, Лудогорец 9, Башакшехир 8, Хофенхајм 5.

Д група: Ријека - Милан 2:0, Австрија Виена - АЕК 0:0.

Табела: Милан 11, АЕК 8, Ријека 7, Австрија Виена 5.

Е група: Аполон - Евертон 0:3, Аталанта - Олимпик Лион 1:0.

Табела: Аталанта 14, Олимпик Лион 11, Евертон 4, Аполон 3.

Ф група: Копенхаген - Шериф 2:0, Злин - Локомотива Москва 0:2

Табела: Локомотива Москва 11, Копенхаген 9, Шериф 9, Злин 2.

Вечерва од 21:05 часот се играат уште 12 натпревари од 6.коло од групната фаза од Лига Европа. Во овој термин се игра и натпреварот Вардар - Розенборг во Скопје. /МИА

Пејачката не можела да паузира во кариерата, го оставила свршеникот, тој останал со скршено срце

Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот избраник актерот Лијам Хемсворт ја раскинале свршувачката иако овој пат навистина беа на чекор до олтарот.

Иако не им е прв пат да раскинуваат сега односот меѓу нив е конечно завршен.

Парот се свршил во 2012 година, а откако пејачката не била подготвена за следниот чекор, секој продолжил по својот пат.

„Постојано ги одлагала бракот и децата, а тој многу сакаше семејство. Се расправаа и на крајот се разделија. Сите видеа каде води неговиот притисок, а но тој е прилично изненаден од нејзиното заминување. Целосно е скршен“ – изјавил неименуван извор за магазинот „ОК! Австралија“.

Пејачката (25) и актерот (28) се свршиле уште одамна, па раскинаа, па повторно се помирија и пак се разделија, но последниот пат кога се свршија тие изјавија дека тоа ќе биде “засекогаш“.

Се развел од сопругата бидејќи го навредувала Меси

Русинот Арсен (40) после 14 години брак се развел од својата сопруга Људмила (37) бидејќи се осмелила да ја критикува играта на славниот фудбалер Лионел Меси на Светското првенство кое се одржа во Русија оваа година.

Овој пар вљубеници во спортот се запознале во 2002 година, а се венчале и покрај фактот што навиваат за ривалските московски тимови.

Сепак и ова не е единствената разлика, Арсен секогаш бил фан на Барселона, а Људмила на Реал Мадрид.

Арсен изјавил дека тој и сопругата секогаш се шегувале на сметка на Меси и Роналдо, но ова Светско ја прелило чашата.

„Аргентина играше лошо и Људмиле постојано ме задеваше. Цело време ми говореше дека Меси не е во состојба да даде гол. Кога во текот на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија, повторно почна да го навредува Меси, јас и вратив и упатив низа навреди кон нејзиниот сакан Кристијано Роналдо“ – изјавил Арсен.

На крајот го додал и ова:

„Потоа во целата своја лутина ги собрав сите работи и отидов засекогаш од дома“.

Идниот ден Арсен, според неговите зборови, ги предал документите за развод од неговата сопруга Људмила.

Народен собир посветен на Св. маченица Недела

Во скопското село Горна Матка во манастирскиот комплекс Свети Спас и Марков град, односно Света Недела, денеска ќе се одржи Народен собир посветен на оваа маченица.

Церемонија ќе почне во 9 часот со света литургија во остатоците на еднокорабната црква Св.Недела, која потоа ќе продолжи во комплексот Свети Спас. Кумот и Црковниот одбор на Свети спас за одбележувањето на утрешниот верски празник обезбедија соодветна програма и ручек за гостите.

Црквата Света Недела во Горна Матка е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот меѓу 1350 и 1360 година.

Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Св.Никола и Св.Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите однатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, како и фигурата на Св.Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид.  /МИА

притисни ентер