Протест против промена на името пред МНР

Додека во Министерството за надворешни работи траеја разговорите меѓу шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот македонски колега Никола Димитров, пред Министерството неколку патриотски здруженија протестираа против преговорите и промена на името.
 “Нашето име е Македонија”, “Стоп за холокаустот врз Македонците”, “Коѕијас оди си дома” беа дел од пораките кои беа испратени на овој протест.

Додека демонстрантите протестираа, зградата на Министерството беше опкружена со силно полициско обезбедување.

Протестите беа во организација на неколку патриотски здруженија.


СДСМ: Политиките на СДСМ даваат резултати, над 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари

Политиките на СДСМ за раст на платите во сите сектори даваат реални, видливи резултати, се наведува во партиското соопштение.

Преку постојаниот раст на минималната плата на реални економски основи, се отвори спиралата на севкупен раст на платите

Ако се анализира структурата на плати, ќе се увуди дека над 300.000 вработени во реалниот сектор денес добиваат плата повисока од 18.000 денари.

Просечната плата во ноември 2019 е зголемена за 5.1 отсто во однос на истиот месец 2018 година, а минималната плата денес изнесува 14.500 денари и е за 60 отсто повисока отколку во 2017 година кога изнесуваше 9.000 денари.

Покрај минималната плата, создадовме услови за раст и на останатите плати. Околу 114.000 вработени добиваат повисоки плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од страна на државата на оние компании кои ја зголемуваат платата на своите вработени до 6.000 денари.

Со зголемувањето на платите во образованието и здравството ќе следува уште поинтензивен раст на просечната плата.

Преку чесни, одговорни политики покажавме дека вложувањето во човечкиот капитал е вистинскиот пат.

Продолжуваме со мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот и оние кои наместо да го гонат се ставиле во одбрана

Зоран Заев со посебни истражни мерки и во 2014 година е снимен како врши кривично дело, се анведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ.

Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал.

Целата македонска јавност имаше по кој знае кој пат да го види вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Италијанскиот медиум „Ла Верита" уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев.

Зоран Заев во 2014-та година како лидер на СДСМ и градоначалник во Струмица заедно со неговиот брат Вице биле директни учесници во изборна корупција, изборен поткуп, закани, уцени и притисоци. Со еден збор биле дел од изборен криминал, дело кое не е застарено. Зоран и Вице Заеви договараат одмазда кон неистомислениците и поткуп за оние кои се согласуваат да свиткаат кичма.

Пред само неколку дена беше објавена и целосната снимка за случајот „Поткуп" која потврди дека Заев барал стотици илјади евра од струмички бизнисмен за работа која како градоначалник била негова работна обврска.

Она што Заев го правеше како градоначалник го пренесе во Владата откако седна во премиерската фотелја, па така криминалот и корупцијата доживеаа ренесанса. Според „Транспаренси Интернешнл", Република Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот. Аболицираниот Заев заедно со криминално-рекетарска банда изминатите три години ја опустоши нашата држава.

Она што најмногу загрижува е тоа што предметот за кој пренесува италијанскиот медиум веќе неколку години седи во фиока во Јавното обвинителство предводено од Јовевски. Ова е вистинската слика за правосудството за кое Заев се пофали дека го „отворил како пупка".

Правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Заев. Одговорност и санкција за криминалот мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот!

Зоран Заев никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе делови на Скопје утре и во вторник без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и во вторник без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Кисела Вода, Зелениково и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Утре од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Добридол, Општина Сопиште.

Во вторник во периодот од 09:00 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Саса" во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Зелениково, Општина Зелениково, а од 12:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Јуриј Гагарин", Општина Карпош

притисни ентер