Родителите бараат од Заев транскрипти за „Монструм“, Фетаи очекува да се утврди вистината

Доказите кои премиерот Зоран Заев ги покажал на родителите на децата кои беа убиени кај Смилковското Езеро во 2012 година, да ги достави до судот, денеска побара Горан Наќески, таткото на убиениот Александар Наќески, по одложувањето на рочиштето.

- Кога бев кај Заев ни вети дека ќе ги даде петте државни тајни, односно тоа се транскрипти од броеви на финкционери на ДУИ. Ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири, кажа Наќески пред судот и побара неговиот исказ да влезе во записник.

Тој побара од судот да се изврши претрес во СДСМ и да се одземат овие документи, како и стражарно приведување на Заев, за, како што рече, во судот да се соочи со сите родители.

Премиерот Заев, според Наќески, на родителите им кажал и дека возилото со кое се превезувале извршителите, Опел омегата, е на МВР, аико од роднини и пријатели во полицијата им било кажано дека такво возило немало кај „Алфите“.

Одложувањето на денешното рочиште беше поради болест на обвинетиот Фејзи Азирим, по што адвикатката на родителите на децата Дафина Ивановска рече дека одложувањето не е со соодветна документација, а направи паралела со здравствената состојба на родителите која е нарушена и дека цело време се со лекарства но, како што рече, сепак доаѓаат на секое судење.

Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи појасни дека ова е прво барање за одлагање од страна на обвинетите по 50 расправи за овој предмет.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека ова е прво рочиште на кое СЈО се јавува како овластен тужител во оваа постапка и според неа, јасно е дека интересот на јавноста за детали од случајот е огромен.

- До вистината може да се стигне може да се стигне само преку една нова и фер постапка. Во таа насока ве уверувам дека СЈО ќе ги искористи сите човечки, технички и материјални ресурси за да ја утврди вистината, порача Фетаи.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. /МИА

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер