Борисов: По 15 години повторно можност да се зборува за регионот

 Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја како претседавач на ЕУ денеска е домаќин на Самитот Еу-Западен Балкан.

 Кој се одржува во Софија порача дека по 15 години повторно се појави можност да се зборува на темата Западен Балкан во рамки на процесот за интеграција на шестте земји од регионот во Унијата, јави известувачот на МИА од Софија.

- Сите разбираат колку е важен Западен Балкан и затоа 15 години по средбата во Солун имаме можност денеска да разговараме за таа тема, изјави Борисов пред средбата на врвот.

Тој нагласи дека денеска во рамки на форумот ќе учествуваат и банките со интерес за заеднички инфраструктурни проекти.

Во врска со преговорите меѓу Македонија и Грција, околу спорот за името рече: „За таа тема колку помалку изјави даваме, толку се поголеми шансите“.

На маргините на Самитот во тек е средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која е втора тет-а-тет средба по таа во Давос.

Лидерите на двете земји ќе се обидат да ги усогласат ставовите околу спорните прашања во преговорите, оспегот на употреба и измената на македонскиот Устав со цел да се постигне решение за долгогодишниот спор, кој претставува препрека за европските и евроатланските интеграции на Македонија.

Самитот, што денеска се одржува во Софија е најголемиот настан што го организира Бугарија како актуелен претседавач на Унијата, кој како еден од приоритетите си го постави враќањето на Западен Балкан високо на агендата на Унијата.

Поврзаност во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура, образованието и други аспекти е тема на Самитот, на кој учествува македонска владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, јави известувачот на МИА од Софија.

На Самитот, што се одржува во организација на бугарското претседателство со ЕУ присуствуваат лидерите на државите-членки на Унијата и од регионот. Со самитот претседава претседателот на Европскиот совет Туск, кој ја претставува ЕУ, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

На Самитот учествуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.

Премиерот Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот. 

Тетовец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

Тетовец баран со меѓународа потерница од италијанските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница.

Станува збор за жител на селото Доброште,тетовско, по кого Интерпол Рим пред единаесет години распишал потерница и го бара за кривични дела по две основи „принудување на проституција" и „киднапирање".

– Лицето Мусли Халити (44), македонски државјанин, е упасен при влез на преминот Ќафасан откако при контрола на неговите документи во системот, произлезе дека е лице барано со меѓународна потерница. Судот во Монца, Италија во јуни 2001 година му изрекол мерка  притвор, за извршени кривични дел „принудување на проституција" и „киднапирање", а потоа Интерпол Рим распишал меѓународна потерница, стои во соопштението на регионалниот полициски комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.

За неговото апсење известена е канцеларијата на Интерпол Тирана, која треба да превземе понатамошни активности за негова екстрадиција во Италија. 

Нападнати полицаец и обезбедувач при тепачка на две групи

Полицаец и работник на обезбедување биле напднати при расчитување на тепачка помеѓу две групи на млади лица што изминатата  ноќ околу 2 часот и 30 минути се случила пред угостителски објект во Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, полицијата добила информации за нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улицата "Благоја Тоска" во Тетово.

-Додека преземале службени мерки на местото од пријавата едно лице започнало вербална расправија со полицајците упатувајќи им навреди и закани. Откако од страна на полициските службеници бил предупреден тој удрил еден полициски службеник. Лицето веднаш било приведено во полициска станица каде бил утврден и неговиот идентитет односно било констатирано дека станува збор за 16- годишник од Тетово. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок рече Јосифовски.

Нешто подоцна околу 4 часот Б.Д.(49) од с.Жилче вработен во агенција за обезбедување пријавил во полиција дека бил физички нападнат од страна на лицето И.И.(23) од Тетово. Според неговата пријава додека тој извршувал работни задачи за обезбедување во угостителски објект на улицата „Благоја Тоска" околу 02.30 часот забележал тепачка помеѓу две групи на млади лица.  Тој при обид да интервенира односно да ги раздели да не дојде до поголемо нарушување на јавниот ред и мир два пати бил физички нападнат од И.И. Набрзо И.И. бил приведен и задржан во полициската станица Тетово.

Полицијата работи на идентификување на сите учесници во нарушувањето на јавниот ред и мир и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе  следуваат соодветни поднесоци најави Јосифовски. 

СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски

Кон успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО без разлика на партиската припадност, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ , Наум Стоилковски.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина.

Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси.

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември.

Македонија се обденини околу врвните национални и државни интересе. Сега, кон таквиот историски успех треба да се приклучат сите кои се за НАТО и ЕУ без разлика на на нивната партиска припадност.

Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО без разлика колку тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и антизападните марионети во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ. .

притисни ентер