Повторно убиство на девојче во Германија, осомничен Турчин

Пред само неколку дена на свиреп начин беше убиено девојче во Визбаден.

Во понеделникот со нож е избодено друго девојче, додека возело велосипед во градот Вирсен.

Како што пренесуваат медиумите, убиена е 15 годишната Јулиана Елена додека возела велосипед во градскиот парк. Избодена е со нож повеќе пати. Како што пишуваат германските медиуми, таа била Романка, но засега не е познато дали имала и германско државјанство.

Локалните медиуми известуваат дека девојчето околу пладнето во понеделникот било во паркот во гратчето Вирсен, каде возело велосипед. Избодена е неколку пати со нож, а нејзините повици ги слушнал еден бездомник кој веднаш и притрчал во помош. Наводно, како што пренесуваат медиумите, на германски рекла „Јас умирам“, пред да се струполи целата обвиена во крв.

Набргу е префрлена во локалната болница каде починала.

Неофицијално се дознава дека осомничен за нападот е 25 годишен маж од Турција, кој истиот ден вечерта самиот се појавил во полиција. Медиумите наведуваат дека тој од претходно и е познат на полицијата, но дека засега се уште се испитува неговата поврзаност со убиената девојка. Сведоците на ова свирепо убиство го опишале напаѓачот како машка личност, со северноафикански изглед, со темна коса.

Макрон го промовира неговиот концепт на ЕУ

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга.

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга, која подразбира пред се реорганизација на унијата со засилена економска, политичка и одбранбена поврзаност и  соработка со  Русија и Турција.

Според него, Европа за 15 години би била организирана во три круга на држави со различен степен на интеграција.

За тоа што стои зад идејата и како нејзината евентуална реализација би се одразила на евроинтеграциите на Македонија  своите ставови ги споделија амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. 

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов смета дека „Европа во три круга”  е  личен нацрт-план на претседателот Емануел Макрон, што претставува една визија за зацврстување на ЕУ и претставува пресметан потег на Макрон за зајакнување на неговата лична позиција во претстојното преструктурирање на унијата.

Алберт Муслиу, смета дека Макроновата идеја како проект за реорганизација на ЕУ е реално потребен, бидејќи, вели, глобалните односи се сменети и денес имаме повеќе сериозни глобални играчи, посочувајќи на Кина, Индија и Бразил.

Во однос на тоа каде би се нашле Македонија во  тие три круга и Филипов и Муслиу се оптимисти дека концептот нема да влијае врз интеграцијата на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кои се во фаза на преговори со ЕУ.

СДСМ повторно го повикува Мицкоски да се изјасни за референдумот

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си, граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот.

Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став?

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност.

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!

Граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

На 30 септември, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет.

ДА за македонската иднина! /МИА

Опожарена куќа во Кисела Вода, нема повредени

Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.

Во пожарот, како што јавува МИА, нема повредени лица, а биле опожарени 200 метри квадратни.

Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила. /МИА

притисни ентер