Романскиот селектор Чави Пасквал поднесе оставка по поразот од Македонија

Селекторот на романската ракометна репезентација Чави Пасквал вечерва поднесе оставка по неуспехот во бараж двомечот со Македонија.

Романија се надеваше на пласман на Мундијалот под раководство на шпанскиот стручњак, но доживеа убедлив пораз во Скопје и оствари минимална победа на реваншот во Клуж.

- Нема да можам повеќе да имам обврски и во репрезентација и во клуб. Им благодарам на играчите и на сите вклучени во репрезентацијата. Можеби не ги остваривме резултатите кои ги очекувавме, но оваа земја е горда на своите ракометари, истакна актуелниот тренер на Барселона.

Романските медиуми наведуваат дека освен неуспешните резултати во баражите, причина за оставката на Пасквал е и притисокот од Барселона, која му даде нов договор и бара да се концентрира само на клупските обврски. 

„Билд": Венгер ќе го замени Ковач на чело на Баерн

 Во Минхен денеска ќе се одржи вонредна прес-конференција на Баерн, на која се очекува да биде објавено разрешувањето на тренерот Нико Ковач и неговата замена со Арсен Венгер, соопшти „Билд“.

Францускиот стратег неодамна потврди дека планира да започне со работа на 1 јануари. Тој 22 години беше менаџер на лондонски Арсенал и го напушти клубот по крајот на минатата сезона. Баерн Минхен моментално е само шести во Бундеслигата, заостанувајќи четири поени од Борусија Дортмунд.

Во Лигата на шампионите Баварците освоија четири поени во два натпревара и се втори во групата „Е“. Досега тие се во серија од четири натпревари без победа на различни турнири.

На денешната прес-конференција ќе присуствува и претседателот на управата на Баерн, Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. 

ЦСКА Москва со трета победа во Евролигата

 Екипата на ЦСКА Москва ја забележа третата последователна победа во кошаркарската Евролига по успехот над турскиот тим Дарушафака со 79:75.

„Армејците“ губеа со седум поени на полувремето, но тие одиграа многу силна трета четвртина, во која поведоа и го задржаа водството до крајот. 

Со победата, ЦСКА е на врвот на табелата со шест поени.

Барселона, пак, го совлада Баерн Минхен со 83:73 во уште еден натпревар од третиот круг. Анте Томиќ постигна 18 поени за Барса, а за Баварците со 16 поени заврши Ло Маодо.

За Барселона ова е прва победа во првите три натпревари од Евролигата и тимот го зазема седмото место на табелата. Баерн има слични индикатори и е на деветата позиција.

Панатинаикос ја победи Гран Канарија со 102:87. Дуелот беше изедначен само во првиот дел, по што Грците направија солидно водство, кое го одржуваа до крај. Кит Лангфорд и Лукас Лекавикус постигнаа 16 поени за победата.

Макаби Тел Авив ја забележа првата победа за сезоната по 78:68 над Будуќност. Скоти Вилбакин постигна 28 поени за Макаби.

Натпревари од 3.коло во Евролига:

ЦСКА Москва - Дарушафака 79:75

Будуќност - Макаби Тел Авив 68:78

Панатинаикос - Гран Канарија 102:87

Барселона - Баерн Минхен 83:73.

Србија и Косово нема да играат во квалификациите за ЕП 2020

Ждребот за квалификациите за Европското првенство 2020 ќе се одржи на 2 декември во Даблин. Европската куќа на фудбалот денеска утврди кои тимови нема да бидат во иста група. Србија и Косово сигурно нема да бидат во иста група.

Европското првенство ќе се одигра по првпат во девет земји, а УЕФА одлучи кои репрезентации нема да може да се сретнат во квалификациите, поради нарушените односи и големите тензии кои тие натпревари може да ги донесат.

Репрезентацијата на Србија нема да биде во групата со Косово, а со овој тим нема да може да се сретне ни националниот тим на Босна и Херцеговина.

Покрај овие натпревари, не се можни ниту средбите меѓу Украина и Русија, Гибралтар и Шпанија, како ни дуел на Ерменија и Азербејџан.

притисни ентер