Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

 Средбите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и  министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија, се откажани, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија.

 Средбите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија, се откажани, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија.

- Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

Претседателот Иванов од денеска е во дводневна официјална посета на Бугарија. Според најавите од неговиот кабинет, освен со неговиот домаќин бугарскиот претседател Румен Радев, во Софија требаше да има средби и со Борисов и Захариева.

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор./МИА

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка во посета на Македонија

Новоназначената генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу денеска престојува во работна посета на Македонија.

Брегу за време на посетата на Скопје е предвидено да има средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Пред почетокот на средбата предвидена е и прес-конференција на Османи и Брегу.

Мајлинда Брегу на почетокот на годинава ја презеде должноста генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. Таа на функција дојде откако во април минатата година министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот, на самитот во Словенија.

Мајлинда Брегу е искусна политичарка од Албанија, поранешна министерка за евроинтеграции, која силно ја поддржува Европската унија.

Брегу функцијата ја презеде од Горан Свилановиќ, кој беше на чело на Регионалниот совет за соработка од 2013 до 2018 година, во два мандата./МИА

Обилни врнежи од снег се најавени за следната недела

Краткотраен спас од загадениот воздух најверојатно ќе дојде со промената на времето и најавениот ветер.

Од УХМР велат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд на пониските и снег на  повисоките места и  планините.

Во втората половина од следната недела врнежите се очекува да бидат по обилни, прогнозираат синоптичарите.

притисни ентер