Ајнштајн бил ксенофобичен расист?

Приватните дневници на Алберт Ајнштајн од патувањата по Азија и Блискиот исток од октомври 1922 до март 1923 година открила за неговата претходно непозната расистичка страна, пренесуваат израелските медиуми.

Познатиот физичар ги запишал своите мисли кои прикажуваат ксенофобичен однос спрема многу народи кои ги сретнал на патувањето, а посебно спрема Кинезите. Ајнштајн ги нарекол “вреден, валкан и глуп народ“ споредувајќи ги со роботи, објави британскиот „Гардијан“.

Истражувачите изјавиле дека биле шокирани од ова откритие, посебно затоа што Ајнштајн подоцна бил познат по својата хуманост и поддршка на борбата за граѓанските права во САД.

Во 1956 година во еден говор го означил расизмот како “болест на белите луѓе“, најавувајќи дека нема намера да молчи за тоа. Во раните дваесетти години ја повел својата тогашна жена Елза Ајнштајн на долго патување.

Ги посетиле Хонгконг и Сингапур, два пати накратко биле во Кина и шест недели престојувале во Јапонија, каде Ајнштајн одржувал предавања. Исто така поминале 12 дена во тогашната Палестина под британски мандат.

Дневниците од патувањата по Далечниот исток, Палестина и Шпанија 1922-1923 (The Travel Diaries of Albert Einstein: The Far East, Palestinem,and Spain, 1922-1923) неодамна ги објави Принстон јуниверсити прес (Princeton University Press).

„Ова е некој вид на контраст на јавниот имиџ на големата хуманитарна икона. Мислам дека поприлично е шокантно да се прочитаат и да се споредат со неговите јавни изјави“ – изјавил преведувачот на дневникот од оригиналниот германски на англиски јазик Зеев Розенкранц, додавајќи дека не биле наменети за издавање.

Ајнштајн кинеските деца опишал дека “изгледаат глупаво и без дух“.

„Би било штета Кинезите да ги истиснат сите други раси. За оние како нас самата помисла на тоа е неизмерно мрачна“ – оценил Ајнштајн, пренесува британскиот весник.

Меѓутоа, односот спрема другите азиски народи бил поинаков. Ајнштајн бил многу повеќе импресиониран од Јапонците, означувајќи ги како “скромни, пристојни и многу допадливи“ .

Розенкранц изјавил дека иако погледите како тие на Ајнштајн во тоа време преовладувале, сепак не биле универзални.

Сепак, Ајнштајн сето тоа го напишал пред да увиди до што може да доведе разисмот во нацистичка Германија и пред да го искуси расизмот против Афроамериканците во САД, каде се преселил во 1933 година.

Триесетина години после патувањето во Азија неговата сопруга во дневниците запишала дека ја одбил понудата да стане претседател на Израел.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

притисни ентер