Преименување и нова поставка предлага работната група за „Музејот на македонската борба“

Преименување на Музејот на ВМРО и итна ревизија на постојниот ентериер во него – бара работната група од Министерството за култура. 

Со ова, националната установа ќе добие ново преуредување кое ќе го опфати целокупниот историски моментум кој нема да прави општествени поделби, а да не биде, како што велат, партиски музеј.

„Според наше мислење, би требало доминантно место да земаат оригинални документи и оригинални предмети, a помалку да бидат застапени восочните фигури и таканаречените уметнички слики. Направен е еден континуитет од 1893 до 1991 година во кој од вкупно тринаесет поглавја во осум се чисто историја на ВМРО, а во другите пет повторно има елементи каде што повторно на индиректен начин се зборува за дејците на ВМРО низ историјата,“ изјави Александар Литовски, претседател на комисија за утврдување на стручноста на Музејот на ВМРО.

Групата детектирала низа неправилности и прекршувања по различни основи. Според нив, во првата година биле потрошени речиси 300.000 евра, за таа сума до отворањето да стигне до 12 милиони евра. Замерки има и за статусот на Музејот како „културно наследство“, бидејќи нема документи со кои музејскиот материјал во него е категоризиран како таков.

„Изградбата на овој музеј е ставена во музејска и кинотечна дејност, тоа е веќе прекршување на Законот за буџет и злоупотреба на пари кои што се наменски. Прекршување на Законот за музеј, посебно на член 7 кој се однесува на условите за основање на музејот, меѓудругото во него стои дека треба да биде изработен елаборат кој што го нема, не постои, вели Донка Барџиева Трајковска, член на комисија за утврдување на стручност на Музејот на ВМРО.

Работната група беше формирана во март со решение од тогашниот министер Алаѓозовски. Изработениот елаборат од 31 страна ќе биде доставен до Владата. Во него ќе биде содржано и барањето  да се состави стручна комисија која ќе работи на промените кои се бараат бидејќи направените пропусти се должат на претходната комисија чиј состав бил неадекватен.

Макрон го нападна Трамп : Нека продолжи да си игра политика

Францускиот претседател Емануел Макрон му одговори на Трамп и на неговата порака на Твитер дека е срамна идејата за создавање европска армија.

Макрон по нападите на Трамп рече дека две сојузнички земји како САД и Франција мора меѓусебно да се почитуваат и дека Франција е американски сојузник , а не вазалска држава.

Во пет постови на Твиртер вчера Трамп ја критикуваше Франција поради поразот што речиси го доживеале Французите во двете Светски војни , за ниската популарност на Макрон , па дури из а винската индустрија.

,,Мислам дека Французите не очекуваат да одговарам на твитови , туку да ја продолжам нашата важна историја.Мислам дека Трамп си игра политика и го пуштам да продолжи да си игра”, рече Макрон во изјавата дадена на носачот за авиони ,,Шарл де Гол”.

Во неделата американскиот претседател со сопругата беше гостин на Макрон на прославата на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна во Париз.

Кувајт го забрани Достоевски

Кувајтските власти забранија книгите од рускиот класик Фјодор Достоевски да бидат изложени на Меѓународниот саем за книги , заедно со уште околу илјада наслови.

Директорот на фестивалот Саад ал Анзи изјави дека министерството за информирање забрани вкупно 948 наслови на книги. Меѓу забранетите книги се и ,,Браќа Карамазови “ од Достоевски , дело од 1880 година , кое ја опишува Русија и односите во нeа кон крајот на 19 век.

Достоевски е само еден од долгиот список забранети автори и книги во Кувајт , каде во подем е конзервативната струја во општестовото наспроти досегашните либерални ставови.

Министерството за информирање за последните пет години забранило над 4 000 книги , меѓу кои и ,,Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго и ,,Сто години самотија “ од Габриел Гарсија Маркез.

Сите книги кои ќе бидат изложени на саемот прво ги прегледува цензорска комисија , како што предвидува кувајтскиот закон. На удар на истиот закон , донесен во 2006 се навреди кон исламот и правосудството , закани за националната безбедност, повикување на немири и неморални чинови.

Два пати во септември се одржаа протести на активистите поради се пожестоката цензура.  

Чешкиот премиер одбива да поднесе оставка за киднапирањето на синот

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш е под силен притисок на јавноста , откако оваа недела се појавија наводи за киднапирање на енговиот син и за корупција .

Бабиш ги отфрла овие наводи и вели дека неговиот син никогаш не бил киднапиран.

,, За жал тој е болен човек. Тоа се лаги и ќе докажам дека е така.”, рече Бабиш. Неговата изјава дојде по состанокот со министерот за внатрепни работи Јан Хамацек , кој побарал одговори од него.

Тој ги отфрлил барањата за оставка и уверувал дека синот од првиот брак е болен од шизофренија , која може да доведе и до халуцинации.

На почетокот на неделава медиумите објавија изјава на синот на Бабиш , каде тој наведува дека соработник на татко му на сила лани го однел на Крим. рекол и дека му се заканил дека татко му ќе го затвори во психијатриска клиника.

Бабиш вели дека синот живее во Швајцарија , дека е ментално болен и сам ја напуштил Чешка. Признал дека синот бил во Украина и на Крим , но не кажал како стигнал таму . Бабиш ги обвинил медиумите дека се ,,како хиени и повикуваат на линч”.

Бабиш ,64 годишниот милијардер со големо бизнис царство минатата година беше избран за премиер на Чешка.

притисни ентер