Русија: НАТО е бескорисно

НАТО е бескорисна воена единица, e  одговорот на руското министерство за надворешни работи на Твитер по отворањето  на самитот на алијансата во Брисел. 

Веќе  е бескорисен тој  воен блок НАТО кој не  обвинува за провокации и продолжува на чкрта со забите во Брисел, а ние се подготвуваме на гледаме светското првенство во фудбал, се вели во пораката на социјалната мрежа.

Во декларацијата усвоена во првиот ден на самитот на НАТО се наведува дека дејствијата на Русија на границата на алијансата загрозуваат евроатлантската безбедност. НАТО ја обвини Русија за поставување модерни проектили со двојна намена во Калининград. Покрај тоа, претставниците на алијансата посочуваат  за постојано нарушување на воздушниот простор на земјите од НАТО и постојаното фокусирање на воена моќ во Крим.

Во декларацијата, исто така, се наведува дека во случај на “хибридна војна” од страна на НАТО,  тие имаат намера да играат со член  5 од статутот за колективна одбрана. Ова може да се направи и во случај на вооружен напад.

Станарите се вратија дома,смрдеата била од пелени

Градоначалникот на Скопје , Пегтре Шилегов вечерва изјави дека непријатната миризба во зградата во Аеродром била од пелени во станот 11 , каде живееле две постари жени. 

Станот број 11 ќе се дезифицира ,а миризбата и штипењето на очите кај дел од станарите било од амонијак од пелените , кои биле чувани во станот. Службите за социјална заштита вечерва биле кај жените , така што ќе го преземат случајот , рече градоначалникот на Скопје , Шилегов доцна вечерва.

Освен противопжарните екипи , Итнатат помош, инспекциите  и полицијата , вечерва во зградата пристигнаа и припадници на Армијатта од АБХ единицата , за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и колку е опасно.

За среќа , изворот на непријатната миризба е најден и зградата е безбедна , така што околу полноќ сите станари се вратија во своите домови. 

Ахмети: На 30 септември гласаме за НАТО и ЕУ

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска порача дека на 30 септември се гласа иднината на оваа земја, ќе се гласа дали ќе имаме стабилна држава со развој и напредок.

- Бараме членство во ЕУ и НАТО. На 30 септември се гласа за Македонија, за иднината на оваа земја, изјави Али Ахмети, додавајќи дека ни останува да се мобилизираме 

На средбите со жителите од населбите Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево, Ахмети беше придружуван од градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, од поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити и од пратениците Артан Груби и Ејуп Алими. 

Станари во Аеродром се евакуираа поради присуство на непознат гас

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето вечерва беа евакуирани жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската Општина Аеродром.

На самото место се скопскиот градоначалник , Петре Шилегов , како и инспекциски служби , кои им се придружија на припадниците на Противпожарната бригада, на полицијата и на Итната помош.  

Таму е нашиот репортер Јован Ѓорговски.

притисни ентер