Тешко повреден пешак при судар на две возила во Скопје

Тешко повреден пешак на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ при судар на две возила.

Во СВР-Скопје вчера во 19:55 часот е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. (29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Д.Б. (65) од село Волково бил пренесен и задржан во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В. (40) и В.И. (56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

МФ: Повратот на ДДВ во јануари натфрлен за 16,8% во однос на лани

Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност (ДДВ), или 35,7 милиони евра.

Ова е за 315 милиони денари или 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ, што е значајно за одржување на ликвидноста во стопанството.

-Редот кој го воспоставивме со повратот на ДДВ, односно обезбедувањето на редовен и неселективен - автоматски поврат, е значаен за подобрување на ликвидноста во стопанството. Со тоа се обезбедува нормално работење на фирмите, но и се стимулира инвестициската активност - истакнува Тевдовски.

Во насока на обезбедување на автоматски поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи направи и Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници, кој ќе биде имплементиран во текот на годинава.

Инаку минатата година, Министерството за финансии изврши вкупно поврат на ДДВ кон фирмите  во износ од 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на 2017 година, или за 19,3% повеќе.

Се запали конзерваториумот ,,Чајковски” во Москва(ВИДЕО)

Рано утрово се запали зградата на државниот конзеравториум ,,Чајковски” во Москва.

Според медиумите , нема повредени во пожарот , а штетата дополнително ќе се утврдува.

На самото место пожарот го гаснат 15 противпожарни тимови.

Куба на референдум – капитализам или социјализам

Над 8 милиони Кубанци утре излегуваат на референдум за новиот Устав , кој и покрај измените , го задржува социјалистичкото уредување на државата.

Новиот Устав на Куба би требало да го замени оној од 1976 , во кој ќе се признае приватната сопственост и странски вложувања. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето ,,Дали ќе го ратификувате новиот Устав на Републиката”.

Власта , предводена од претседателот Мигел Дијаз Канел лобира како никогаш до сега за одговорот ,,да” , со реклами на сите ѕидови , автобуси , во медиумите и на социјалните мрежи.

Опозицијата , пак ги повикува луѓето да гласаат ,,не”. Според анкетите , 70 до 80 проценти од граѓантите се за измени на Уставот , а првите резултати ќе бидат познати в понеделник попладне.

притисни ентер