Власта ќе слави в сабота, опозицијата ќе протестира в недела

Оценките во земјава и понатаму се поделени околу исходот на Самитот на НАТО. Власта го смета за историски успех и ќе организира прослави во сите поголеми градови, а опозциијата го смета за катастрофа и ќе протестира. 

Во сабота ќе се слави за НАТО, во недела ќе се протестира. Власта повика на прослави, опозицијата на протести. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји во светот, ги остваривме нашите заеднички стратешки цели, Mакедонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ , изјави денеска во Брисел премиерот Заев,  уверен и во позитивниот исход на референдумот. Верувам  дека граѓаните се најголемите поддржувачи на иднината на Mакедонија, рече Заев

Со условената препорака Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност, реагираа од опозициската партија. Во видео обракање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денеска  ги повика граганите на протест .

 овој сон на нашите граѓани кој почнува да се остварува, денес бара од нас да се обединиме околу евроатланска Македонија, се огласи лидерот на ДУИ Али Ахмети.поканата  претставува исклучително големо и значајно постигнување во однос на сигурната иднина на нашата земја, вели  Ахмети.

До полноправното членство во НАТО согласно заклучокот од Самитот од Македонија се очекува целосно да го реализира Договорот со Грција, шго подразбира успешен референдум и уставни измени, за кои е потребно двотретинско мнозинство. Претседателот Иванов остана на одлуката да не го потпишува законот за ратификација на Договорот со Грција. Од Претседателскиот кабинет засега нема реакција околу вчерашната одлука за пристапни преговори  за Македонија

Се бара и бенифициран стаж и за градежните работници

Покрај доуредување на бенефицираниот стаж за рударите,  бенефиции да добијат и градежните работници од потешките струки во градежништвото, побараа од независниот синдикат на градежни работници.

Ја поздравија владината одлука за бенефициран стаж за рударските работници и апелираа, таа што поскоро да стапи на сила.

Уапсен помошникот на Макрон кој тепаше демонстрант

Помошникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, задолжен за безбедност, кој тепаше демонстрант, е уапсен и се наоѓа на испитување.

Според неименуван судски претставник, александар бенала го испитуваат по точки на потенцијално обвинение.

Меѓу точките на обвинение се насилство предизвикано во група од страна на лице кое е ангажирано во јавна служба.

Макрон вчера беше критикуван зошто го задржал Бенала на работа, кој добил само казна – суспензија на две недели.

Опозициските лидери и дел од јавноста го критикуваа макрон бидејќи сметаат дека казната за вакво однесување е преблага, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од протестот на кој се гледа како бенала влече една жена, а потоа тепа млад демонстрант на земјата.

Русија и Кина ја одложија забраната за извоз на нафта во Северна Кореја

Русија побара повеќе време за да ги испита обвинувањата на САД дека Северна Кореја нелегално увезува рафинирани нафтени производи надминувајќи ја квотата од 500 000 барели годишно, колку што е дозволено под санкциите на ОН.

Русија и Кина ги одложија напорите на САД во комитетот на Советот за безбедност да се нареди прекин на извозот на преработки од нафта во Северна Кореја.

Агенцијата повикувајќи се на неименувани дипломати, вели дека Русија и кина побарале повеќе детали во врска со обвиненијата на САД дека Пјонгјанг ги прекршил своите рестрикции.

Ова барање на Русија беше поддржано од Кина.

притисни ентер