Вчера го купил, а веќе денес го уништил својот автомобил вреден 300.000 долари (фото)

Сопственикот на новиот McLaren 720S целосно го уништи својот скапоцен автомобил само ден откако возилото му беше испорачано.

Возачот од Вирџинија, САД, во петок за прв пат седна во својот автомобил вреден 300 илјади долари, за веќе во саботата – по своја вина – да остана без него откако доживеал сообраќајна незгода.

На Фејсбук страницата на полицијата на округот Ферфакс, со објавена фотографија од удрениот автомобил, се наведува дека неименуван возач изгубил контрола на автомобил марка McLaren поради преголема брзина и дека возилото претрпело “тотална штета“.

За среќа, сопственикот поминал со повреди кои не се опасни по живот, а полицијата фотографијата ја споделила како отрезнувачко предупредување за возачите да не возат пребрзо.

 

,,Не седи до мене , ти одвратна црна краво” , расистички скандал во авион, екипажот молчи(ВИДЕО)

Тежок расистички инцидент се случи во авион на нискобуџетниот Рајанер, кој е на удар зашто неговиот екипаж не реагирал на испадот на еден од патниците.

Маж навредува и малтретира постара жена на околу 70 години , додека екипажот на Рајанер не реагира. Инцидентот се случил завчера на лет од Барселона кон лондонскиот Станстед, а снимките се споделени на социјалните мрежи , каде предизвикаа гневни реакции.

Многумина се заканија  дека ќе ја бојкотираат авио компанијата. На снимката прегледана околу 2 милиони пати се гледа како маж и се заканува на постара жена и и наредува да се префрли на друго седиште. Кога му се обратила , тој и одговара:

,, Не разговарај со мене на странски јазик , ти одвратна црна краво!” На снимката се слуша и како другите патници бараат од екипажот да го исфрли безобразниот маж , но нема реакција.

Жената објаснила дека сакала да седне до својата ќерка , кога мажот почнал да ја навредува на расна основа. Ќерката подоцна објаснила дека мајка и на 77 годишна возраст страда од артритис и не можела довојно бргу да се тргне , за да се смести мажот. Таа ја однела мајка си на патување за да ја одбележат годишнината од смртта на татко си.

По жестоките реакции на социјалните мрежи , компанијата Рајанер се извини за инцидентот и најави дека во иднина ќе ги симнува од авион ваквите агресивни патници.

Ирски волонтер заврши во 18- месечен грчки притвор

Волонтер од Ирска , 24 – годишниот Шон Биндер со уште двајца активисти е во 18 месечен притвир во Грција , поради помагање на мигранти.

24- годишниот Ирец , чија мајка веќе неколку месеци патува на релација Даблин- Атина , во обид да го извлече синот , кој од август е притворен на грчкиот остров Хиџ. За него има само кривична пријава , а веќе неколку месеци е во притвор заедно со Сара Мардини и Насос Каракитсос , под сомнение дека криумчареле мигранти.

,, Има толку лоши луѓе на слобода , а овие деца , кои ништо не направиле , се во затвор. Тоа не е фер.” , вели мајката на Шон за американските медиуми.

Тие се волонтери на организацијата Emergency Response Centre International (ERCI) и се во притвор додека трае истрагата.

Ова е само еден од случаите на справување со напливот на мигранти и нивно криумчарење што ги спроведува Грција и Италија за да се намали притисокот на бегалци од Африка и Азија.

Путин го провозе египетскиот претседател во новиот ,,ѕвер” (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се најде во улога на личен возач на египетскиот претседател Абдел фатах ел Сиси.

Невообичаениот настан се случи во руското одморалиште Сочи , на Црното Море, каде Путин го пречека својот египетски гостин. Тој му се пофали со новата лимузина и го провоза ,,едно кругче” по тркачката патека на Автодромот.

Лимузината на Путин ,,Сенат” , од рускиот производител Аурус е вистински ,,ѕвер”. Има 4.4 литарски V8 хибриден погон , со што неколкутонскиот автомобил постигнува брзина од 0-100 Км/час за само 6 секунди.

притисни ентер