МИРИСОТ НА ЉУБОВТА

Од понеделник до петок во 17 часот на Канал 5, атрактивната и незаборавна „Хурем султан“ и згоднио

Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција. Вљубеник е во природата и во сите убавини на животот. Сопственик е на работилница за парфеми која што е свртилиште на прекрасни луѓе, и на Французи, и на туристи.

 Заедно со мајка и', создаваат оригинални мириси што ги импресионираат луѓето и тоа им причинува големо задоволство. Нешто за што потајно сонува, е да го создаде мирисот на љубовта, но свесна е дека тоа нема да се случи додека не се заљуби и не ја вкуси љубовта со сите нејзини мириси...

Картал е млад бизнисмен од Турција, пораснат како посвоен син на Азис Алкан, негова десна рака во бизнисот и животот воопшто; сопруг на неговата проблематична ќерка Есра. Амбициозен, успешен, посветен, пожртвуван... сé додека не го почувствува мирисот на љубовта. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка. Ја запознава жената со најубава насмевка, со најнежна златно-свилена коса и со најсветли очи од кои што грее љубов и копнеж за живот со страст.

Каква љубов ќе создаде средбата помеѓу Селин и Картал? ...

Од понеделник до петок во 17 часот, ексклузивно на Канал 5, следете го „Мирисот на љубовта“ и нема да зажалите!

притисни ентер