Ја немаше долго време: Актерката изненади со својот изглед (фото)

Јавноста беше изненадена кога повторно на црвениот тепих ја виде актеракта Џенифер Лав Хјуит.

Актеракта долго време ја немаше во јавноста, но и на филм, а оваа година на голема врата се враќа со улогата во драмата „9-1-1“.

Нејзиниот драстично променет изглед ги изненади сите. Џенифер (39) пред четири години целосно се повлече од јавноста бидејќи сакаше да им се посвети на тригодишниот син Атикус и четиригодишната ќерка Отом.

Обожавателите коментираат дека актерката го променила изгледот бидејќи се здебелила.

Бидејќи го промовира својот најнов филм, најмногу негативни коментари предизвика кога се појави во црно сако и панталони. Сепак таа имала оправдување за овој изглед.

Foto: Getty

„Морам да се извинам поради тоа што изгледам уништено на фотографиите. Буквално се топев. Од моментот кога најпосле дојдов на црвениот тепих, целосно се испотив. Косата ми се разбушави, шминката ми течеше низ лицето и изгледаше како да сум заборавила дека сум актерка и како треба да изгледам на црвениот тепих“ – изјавила таа.

Еве како изгледаше Џенифер пред неколку години. 

foto: Getty

Возел Ферари со 320км/час по автопат, па завршил во притвор (ВИДЕО)

Ферари Ф40 важи за култен модел , но малкумина можеле на автопат да ја испробаат целата негова моќ .

На социјалните мрежи се појави снимка од јапонски возач , кој го вози култното Ферари со брзина од 320 км/час. Споеред квалитетот на снимката , очигледно е дека е направена поодамна , но сепак станува збор за сон на секој сопственик на вакво Ферари. Ф40 располага со V8 мотор со два турбополначи со сила од 478 КС. Моделот почна да се произведува далечната 1987 година.

Сопственикот на ова Ферари не е познато кога го снимил видеото , но се знае дека од него заработувал , зашто снимките ги продавал .

Снимката прв пат на пазарот се појавила 1990 година и е продадена во 10 000 копии , но еден од купувачите бил полицаец во цивил. Тој ја прегледал снимката , викнал засилување и го уапсиле возачот.  

102-годишна Aвстралијка скокна од авион во хуманитарни цели (ВИДЕО)

Дека никогаш не е доцна за хуманост, на оригинален начин покажа 102-годишната Австралијка Ајрин О Шеј.

Бестрашната прабаба скокна од авион од височина од 5 илјади метри со цел да собере пари во хуманитарни цели за ретка болест, од која починала нејзината ќерка..

Таа од леталото скокна со својот инструктор, со кого лесно се приземјија со помош на падобран.. Ајрин досега собрала 12.000 долари и основала страница преку која луѓето може да донираат пари на интернет.

 Со скокот, таа воедно стана и најстарата личност која скокнала од авион..

притисни ентер