ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги разреши Јанчев и Богданов, побара исклучување за Мијалков и Тодоров

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на ИК Константин Богданов, побара и дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на ИК Константин Богданов, побара и дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров, како и пратениците кои гласаа за уставните измени да ги вратат мандатите.

– На иницијатива на Христијан Мицкоски беше разгледан предлог кој тој го даде за одржување вонреден конгрес за гласање доверба за претседателот на партијата. Претседателот на партијата не присуствуваше на седницата и ЦК едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека партијата нема потреба да одржи вонреден конрес, посочи Николовски.

Посочи дека со оваа седницата на ЦК повеќе ништо нема да биде исто во ВМРО-ДПМНЕ, дека партијата завршува со хипотеките од минатото и продолжува напред силно и реформирано кон индината на Македонија.

– Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради силна сорабока со Зоран Заев како и организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставни измени, ЦК го разреши потпретседателот на партијата Митко Јанчев и тоа го направи со тајно гласање, при што резултатот беше едногласен, изјави Александар Николовски потпретседател на ВМРО –ДПМНЕ, по завршување на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски рече дека Константин Богданов е разрешен поради истите причини, а од месните комитети е побарано и да се поведе дисциплинска постапка против Сашо Мијалков и Никола Тодоров, за нивно исклучување од партијата.

– Сакаме да ја честитаме новата коалиција во Република Македонија. Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, изјави Николовски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од осумте пратеници кои гласаа „за" уставните измени да поднесат оставки од своите позиции, бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

– ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да ги истражи наводите за притисоци и уцени. За среќа ВМРО-ДПМНЕ има механизам да се прочисти и јасно да чекори напред, заклучи Николовски.

Николовски рече дека дека ВМРО-ДПМНЕ одржала историска седница на ЦК на партијата.

– ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во партијата, што секогаш успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо и јасно да го избристи доброто. Повторно да се врати на идеалите и на корените и да се погледне во очи со македонскиот народ, рече Николовски.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер