Глас против богатите, Не сакаме Суперлига !!!

Здружението на европските лиги , во кое членуваат 25 национални лиги од Европа, силно се спротивставува на најавеното формирање на Суперлига во која би играле 16 најбогати клубови од Стариот континент.

-Европските лиги остро се спротивставуваат на создавањето на затворен франшиза систем на Суперлига. Домашниот фудбал е срцето на играта низ Европа, за фудбалерите, клубовите и навивачите, порачаа претставниците на Здружението на европските лиги(ЕЛ).

Во ова здружение кое ги претставува 25 европски лиги учествуваат и англиската Премиер лига, германската Бундес лига и шпанската Ла Лига.

Според здружението формирањето на Суперлига би имало трајни и сериозни импликации во долгорочната одржливост на професионалниот фудбал во Европа.

Лигите го подржуваат Европскиот спортски модел кој се темели на пирамидална структура е дополнето во соопштението.

Минатата недела беше објавено дека водечките европски клубови планираат во 2021 година да формираат Суперлига.

Во затворената Супер лига би играле Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед, Барен М . Јувентус, ПСЖ, Сити, Ливерпул и Милан, како основачи и поканетите гости, Атлетико Мадрид, Борусија Д. Олимпик, Марсеј, Интер и Рома.

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници.

Претходно денеска, либанската милитантна група Хезболах истрела противтенковски ракети и артилериски гранати врз израелски воен конвој во спорна област долж границата, при што загина еден израелски цивил.

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители побарале засолниште во тој град. /МИА

Итна евакуација на две болници во Киев поради стравувања од руски напади

Градската државна на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението. /МИА

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. /МИА

притисни ентер