Брачна двојка од Србија држеле жена како робинка

,, Ми ги корнеа ноктите и ме силуваа со метла “ , раскажува во Обвинителството 28 годишната Јелена В.

,,Ми даваа да јадам само корка леб дневно . Секој ден се молев да умрам , конечно да ме ибијат и да ми ги скратат маките. “ , тоа е дел од шокантната приказна на Јелена , која ја раскажа во Обвинителството , откако беше ослободена од речиси две годишното ропство кај невенчани маж и жена. 27 годишната Милева М. и 34 годишниот Ненад П.

Двојката од Обреновац ја држале Јелена како да е животно . Ја терале да проси , а еднаш кога се обидела да избега ,ја претепале. Вели дека ја бањале како да е свиња, во дворото со црево со студена вода. ја силувале со метла и ја терале да јаде измет.

Раскажала дека кај нив дошла доброволно , бидејќи ја познавала Милева , која и се понудила да и најде работа, зашто во семејството едвај преживувале поради сиромаштија.

Наместо тоа, 22 месеци ја држеле како робинка и ја терале да проси и да работи за нив со секојдневно нечовечко малтретирање.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

притисни ентер