Новиот БМВ Х5 пристигна и во Скопје

Четвртата генерација на BMW теренецот, кој е поголем од сите претходни беше претставен во салон на М-Кар.

Дизајнот на ентериерот е во новиот стил на брендот, а тој ќе биде искористен и кај идниот теренец предводник на брендот – „X7“.

 Ова му овозможи на кросоверот да добие активни стабилизатори и извртување на задната оска.

Сите бензиски и дизел мотори се комбинирани со 8-степен автоматски менувач.

Најсилната верзија BMW X5 M50d, од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за 5.2 секунди.

Ако може Мистер Бин , може и Русин – лудо возење надвор од кабината (ВИДЕО)

Сите ја паметат сцената во која Мистер Бин се вози во фотелја на покривот на неговиот Мини Морис.

Слично возило направија во Гараж 54 , познатиот Јутјуб канал за возила. Таму е објавена неверојатна преработка на Волво , каде управувачките команди се сосема излезени надвор од возилото.

Дизајнерите велат дека погледот на другите возила од ваквата позиција е ненадминат.

Поранешната девојка на Бордејн се заљуби во папарацо, излезен од затвор (ВИДЕО)

Поранешната девојка на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби пред неколку месеци, е веќе во врска со папарацо, кој тукушто излегол од затвор.

Поранешната девојка на готвачот и патеписец Ентони Бордејн , Асиа Аргенто (43) е во врска со папрацо Фабрицио Корона (44) . Корона е пуштен од затвор , кој беше осуден поради уценување на познати личности. токму тој ги откри деталите од својата врска со Аргенто.

,,Разговаравме со часови, тогаш станав , и ја зедов главата на моите раце и ја бакнав. ја легнав на маса и водевме љубов цел час. “ , раскажува Корона за италијанските медиуми.

И Аргенто во телевизиска емисија раскажува како се запознала со Корона , но и дека тешко се заљубува. За  нивната врска смета дека не е толку сериозна.

Вели дека не е загрижена што Корона е тукушто ослободен од затвор. Во меѓувреме пријателите на Бордејн велат дека умрел со скршено срце.

Познатиот патеписец и готвач , Ентони Бордејн беше во врска со Аргенто кога се самоуби. Таа подоцна тврдела дека имале отворена врска со Ентони.

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор поради пишување за геј врски

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор зашто во својот роман опишувала сцени на секс со хомосексуалци , а на интернет објавила и илјадници еротски дела поврзани со геј секс.

Авторката која се потпишува со името Тианји го привлекла вниманието на кинеските власти откако во една од нејзините книги опишала секс меѓу професор и неговиот студент. Книгата ,,Гонжан” минатата година на интернет привлекла големо внимание.

Освен ,,Гонжан” Тианји објавила уште 7 000 порнографски книги , најголемиот број на тема хомосексуални односи , така што заработила 18 930 евра ,,илегален профит”, објаснуваат власите вом градот Вухуа , во провинцијата Анхои.

Писателката на 31 октомври поднела жалба на пресудата. Десет години затворска казна се изрекува и за силување и друг кривичен престап , така што јавноста е на страната на писателката.

Таа добила висока казна пред се поради заработените пари преку интернет продажбата , зашто во Кина казнено дело е доколку од производство или дистрибуција се заработат повеќе од 6 300 евра.

Сепак во Кина хомосексуалноста е табу тема , иако во 1997 престана да се смета за злосторство , а од  2001 не е веќе ментална болест.

притисни ентер