Франција заплени авион на ,,Ријанер”

Авионот на "Ријанер" е запленет од страна на француските власти поради ненаплатен долг од авиокомпанијата.

Француската агенција за  цивилно воздухопловство го заплени авионот Боинг 737 вчера на аеродромот во Бордо, пред да замине за Станстед со 149 патници.

Потегот го оправда како "последно средство".Спорот беше предизвикан поради  француските субвенции за летовите на Ријанер од регионалниот аеродром во Анжулем во 2008 и 2009 година, кои Европската Комисија подоцна ги прогласи за нелегални.

Француската агенција за цивилно воздухопловство не кажа за колку пари станува збор , но официјалните претставници на аеродромот соопштија дека сумата е 525.000 евра .

Властите велат дека авионот "ќе остане запленет додека не се плати сумата".

"За жал, државата мораше да преземе таква акција, што доведе до непријатности на 149 патници на запленетиот авион", соопшти француската агенција за цивилно воздухопловство.

"Патниците успеаја да стигнат до нивната дестинација подоцна истата вечер со друг авион" Ријанер ", но со задоцнување од пет часа". дополнуваат од агенцијата. 

Иран со одговор до САД :,, Не потклекнуваме , ќе продолжиме со извозот на нафта”

Иран ќе продолжи со извоз на нафта и покрај санкциите на САД .

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека ќе продолжи извозот на нафта и покрај американските санкции кои се дел од психолошката војна и кои неминовно ќе пропаднат.

Со новите санкции кон Иран , која е трета земја во светот про производство на нафта, САД сака да го присили Техеран да се откаже од производството на балистички ракети и развојот на нуклеарната програма.

,,Нема да потклекнеме пред овој притисок. Ќе продолжиме да извезуваме нафта . вашите регионални политики се покажаа неуспешни , а вие за тој неуспех од Јемен и Авганистан до Сирија , го обвинувате Иран . “ , рече Рохани , додека насобраниот народ извикуваше ,,Смрт за Америка”.

Канал 5 од Будимпешта: Груевски е се уште во Унгарија и чека азил

Груевски е се уште во Будимпешта и чека азил.Унгарската опозиција е против посебен третман во неговиот случај.

Имено, во унгарскиот Парламент денеска се случуваше вистинска драма на пратеничките прашања.

Опозициониерите бараат анкетна комисија да го истражи целиот случај, но некои пратеници бараат и кривична одговорност против непознат сторител.

Во Будимпешта е нашиот репортер Александар Видиновски.

Димов: Никогаш ниту сум бил осуден, ниту сум бегал од изрекување на каква било казна

Македонија до сега имаше низа примери на бегство на високи функционери кои беа обвинети или осудени. Екс министерот за здравство Владо Димов реагира на вчерашниот прилог на Канал 5 .

Никогаш не сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување на каква било казна, вели Димов.

„Контекстот во кој е спомнато моето име е апсолутно неадекватен од причина што никогаш ниту сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување од било каква казна. Напротив, во мојот случај постапките кои се водени против мене се завршени со одбивателна пресуда и со запирање на постапката за наводно неплатен данок,па оттаму жртвите на режимот не можете да ги поистоветувате и да ги ставате во ист кош со креаторите на истиот. Ова дотолку повеќе што одлуките за мојот случај се јавно достапни и сте имале обврска истите да ги проверите. Останатите лица кои ги споменавте се осудени со правосилни судски пресуди, реагира Владо Димов.

притисни ентер