Заев: Ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски

Остро и категорично ги отфрлам шпекулациите дека имало каков било политички договор со  Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија рече премиерот Зоран Заев.

Премиерот потенцираше дека од кога етој на власт се потврдило владеењето на правото . Според него иако постоеле гласини дека некој може да бега, власта не можела да презеде дејствија за некој кој сè уште е слободен човек и кој нема уаптен акт за затвор.

„Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор, тој, само да не бидат други таргет. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста избега како кукавица надвор од джрвата обидувајќи се да добие аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Казните мора да бидат одлежани, така да ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски. Веќе се почнати некои постапки“, рече Заев.

Прашан за одговорноста на институциите за бегството на поранешниот премиер, Заев се правдаше дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно законските прописи, но призна дека се направени пропусти

„Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ке биде јавно објавено“, Груевски е кукавица затоа што претходно зборувал дека тој ќе ја преземе одговорноста само други лица да не бидат таргет, а сега избегал надвор од државата“,истакна премиерот Заев.

.Заев информираше дека Министерството за внатрешни работи на Унгарија контактирало со македонското МВР и потврдило дека Груевски бара азил и оти тие побарале информации за што е осуден во нашата земја.

„Секако се очекува за една земја како Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на РМ. Каква е мотивацијата за нас за членство во ЕУ кога една земја членка на Унијата би била засолниште на криминалци и не го почитува меѓународното владеење на правото и меѓународната пракса“, рече Заев и посочи дека е убеден дека Груевски ќе си ја отслужи казната.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласови во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

По разводот, ја видел жената со друг, па ѝ ја разнел куќата и ѝ го убил кучето

Инцидентот што се случил минатиот месец во Есекс, Велика Британија, доби сосема нова димензија откако судските документи станаа достапни за јавноста.

Инспекторите сметаат дека инцидентот е поврзан со семејни односи, а го предизвикал сопственикот на куќата, маж кој се развел од сопругата, пишува ABC Baltimore.

Сѐ се случило на 20 април на Крафтон Роуд.

Дејна Гринсфелдер ја делела куќата со нејзиниот сопруг Мајкл до нивниот развод пред околу еден месец.

Во овој период Мајкл останал со својата мајка, на помалку од еден километар.

На денот на експлозијата, Дејна отишла на скара со друг маж. Мајкл се возел и ги видел двајцата како излегуваат.

Дејна им кажала на детективите дека Мајкл неодамна се заканил дека ќе ја убие неа или себеси.

Според неа, Мајкл имал клуч од куќата, иако таа ноќта ја оставила отклучена.

Камерата од куќата на соседот го снимила Мајкл како се враќа и влегува во куќата околу 19:38, додека Дејна била отсутна.

Само неколку минути по 23 часот, куќата експлодирала. Две минути подоцна, Мајкл бил виден како излегува од куќата и гледа од патот, пред да замине.

Друг сосед го видел Мајкл во близина на шупа во дворот 45 минути пред експлозијата.

Шупата подоцна одиграла клучна улога во решавањето на случајот.

Но, најголемиот пресврт се случил околу 23:50 часот, кога истражителите биле повикани во куќата на мајката на Мајкл.

На местото на настанот, Мајкл имал изгореници од прв и втор степен по целото тело.

Тој признал дека бил во куќата на Дејна и дека бил повреден за време на експлозијата, но негирал дека има некаква врска со тоа.

Куче од противпожарната служба открило запалива течност на облеката на Мајкл, како и на остатокот од урнатините како што е софата.

Инспекторите извршиле увид во подрумот и забележале дека на цевката за гас недостасува железната капа.

Детективите веруваат дека Мајкл користел алатка од шупата за намерно да го отстрани капакот и да дозволи гасот да истече во домот.

Во тој момент, мерачите на BGE покажале проток на природен гас речиси 10 пати од нормалниот, што е во согласност со отстранувањето на капачето.

Првиот и вториот кат целосно се урнале, а куќата е целосно уништена.

За жал, едногодишниот Јоркширски териер на Дејна, по име Ники Минаж, загинал во пожарот.

Поради неговата тежина од едвај повеќе од еден килограм, иследниците мислат дека кучето било зафатено од пламен.

Мајкл сега се соочува со бројни обвиненија, вклучувајќи подметнување пожар, злонамерно палење и суровост кон животни.

Тој во моментов е притворен без право на кауција.

притисни ентер