Наместо да размислуваат за секојдневните обврски , кои сега сами ги извршуваат , а би можела да ги врши вештачката интелигенција , луѓето би можеле да се фокусираат на други важни работи, како што се креативнот и меѓучовечки вештини , смета Шварц.
Тој за време на саемот за вештачка интелигенџија во Сингапур рече дека вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето , туку ќе ги направи поспособни и ќе им даде повеќе можности.
Неговите ставови се во согласност со извештајот на Светскиот економски форум , каде во септември беше наведено дека развојот на вештачката интелигенција и автоматизацијата до 2022 ќе резултира со 58 милиони работни места повеќе на светско ниво.
Сепак од СЕФ предупредуваат дека ќе бидат изгубени 75 милиони сегашни работни места , а со воведувањето на вештачка интелигенција ќе се создадат 133 милиони нови.