Почна откупот на тутунот

 На откупниот пункт во Прилепскиот тутунски комбинат денеска беше и официјално означен стартот на откупната кампања на тутунот од годинашнава реколта. 

Тутунарите го донесоа родот на вагите и, како што велат, очекуваат и се надеваат добро да поминат со процената.

– Засега е добро, донесовме околу 300 килограми, има во сите класи, па ќе видиме, вели тутунопроизводителот Гоце Стојкоски иако се нагласува дека откупните цени треба да бидат повисоки.

Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен да ги откупи договорените количини, а ќе се плаќа во рок од три3 дена, вели директорот на комбиантот Кире Станкоски

– Ќе работиме на 24 пункта со 34 ваги и ќе плаќаме во рок од три дена, вели Станкоски.

Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, се очекува стабилен откуп на тутунот. Има 195 пунктови, а родот не се очекува да биде помал од 23.500 тони.

-Го означуваме почетокот на откупот на тутунот на реколтата 2018. До денес се пријавени 195 откупни пунктови каде Државниот земјоделски инспекторат ги направи сите проверки и очекуваме стабилен, сигурен откуп. Засеани се 14 802 хектри, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија, што е за 4.700 договори повеќе од лани и на околу 400 хектари повеќе. Пријавени за откуп се 29.000 тони, но поради лошите временски услови и да не се постигне оваа бројка, секако реколтата ќе биде над 23 500 тони колку што беа лани Ова покажува стабилен пораст на тутунопроизводството, особено поради ланската, досега највисока просечна откупна цена од 217,6 денари за килограм и по воспоставувањето нов модел на исплата на субвенциите по три нивоа (80,70 и 60 денари по класи). Тоа беше владиниот сигнал за поддршка на тутунопроизводството, но и на целиот земјоделски сектор кој е база на нашата економија, изјави Николовски.

Новиот закон за тутун е во владина процедура и се очекува да биде донесен до крајот на годинава. Со законот ќе се укинат белите картони, односно евидентните листови, но тоа ќе биде постепено за што в година ќе има пилот проекти за да се намалат административните процедури и да се зголеми тутунопроизводството.

Тутунот обезбедува 100 милиона евра девизен прилив во државата годишно и егзистенција за над 23 000 семејства во Македонија.

-Мора да ги поддржеме традицијата за производство на тутун и целиот сектор на тутунопроизводство, нагласи Николовски.

Според директорот на Државниот земјоделски инспекторат Благој Индов, осум од деветте откупни фирми докажаа дека имаат обезбедено средства и кај нив се е во ред со почетокот на откупот денеска.

– Единсвено фирмата „МНисиријан" од Струмица нема обезбедено средства за исплата на откупот. ќе дадеме рок до 15 декември, кога законски сите мора да го почнат откупот, рече Индов.

Ттутунските здруженија ќе го следат откупот. Според Перо Стојкоски од Сојузот на тутунските здруженија, има повереници на сите пунктови. – Нема да дозволиме манипулација од откупувачите. Имаме повереници на сите пунктови и очекуваме проценката да биде реална, изјави Стојкоски.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер