Георгиев: Цар Самуил својот легитимитет го црпи од Бугарската царска круна

Не се согласувавме  со бугарската страна дека сите што живееле на територијата на Самуиловата држава биле Бугари тврди за Kанал 5 Драги Георгиев претседателот на експертската комисија.

Не се согласувавме со бугарската страна дека сите што живееле на територијата на Самуиловата држава биле Бугари тврди за Kанал 5 Драги Георгиев претседателот на експертската комисија која ги води преговорите за усогласување на историите на двете држави.

Но се согласивме околу фактот дека Цар Самуил својот легитимитет го црпи од Бугарската царска круна

 „Околу третирањето на поданиците на таа држава, ние не можеме да се усогласиме дека сите биле Бугари кои влегувале во таа држава, бидејќи опфаќа голема територија и голем број на заедници и народи во тоа време кои не можат да бидат заведени под етничко име Бугари“,вели Георгиев.

Следниот состанок на комисиите во кои членуваат експерти од двете држави треба да биде на крајот на февруари. Георгиев е оптимист дека ќе се најде заеднички јазик и за Цар Самуил.Иако бугарскиот професор Иван Илчев тврдеше дека македонската страна била ,,тврда,, во преговорите и  ги застапувале тезите на македонизмот и дека во Македонија цели поколенија се воспитувани со митови и легенди.

Комисиите досега се договорија дека и македонската и бугрската страна имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,оти тој е дел од заедничката историја , а во план е  и заеднички  да го празнуваме и денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 мај.

До сега се оджаа три состаноци на експертското тело кое беше формирано согласно Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Гугл ќе ги ограничи предизборните огласи за партии и кандидати

Гугл одлучи дека повеќе нема да им дава можност на огласувачите да таргетираат предизборни реклами кон специфична публика, користејќи ги информациите за списокот на избирачи и нивната политичка припадност.

Ова беше објавено на блогот на Alphabet Inc. , матична компанија на Гугл.

Одлуката е донесена во време кога социјалните мрежи се под притисок за политичко рекламирање пред претседателските избори во САД во 2020 година.

На пример, Фејсбук е критикуван од законодавците и регулаторите за својата одлука да не ги смета валидни рекламите објавени од политичарите на нивната платформа, додека Твитер одлучи да забрани политички реклами.

Гугл вчера објави дека ќе започне со ограничување на таргетирање на публиката во изборните реклами кога станува збор за нивната возраст, пол и општа локација заснована на поштенски код.

Досегашните политички огласувачи беа претходно во можност да ги прилагодат своите реклами , користејќи ги информациите за политичката припадност на гласачите, независно далис е од лево или десно или неутрални.

Гугл посочува дека политичките огласувачи сè уште можат да користат таргетирање во контекст на публиката, како објавување реклами за луѓе кои читаат одредена приказна или гледаат одредено видео.

Новиот пристап ќе започне да се применува во Велика Британија за една недела, пред предвремените избори на 12 декември.

Забраната ќе стапи на сила и во Европската Унија до крајот на годината , а во остатокот од светот на 6 јануари 2020 година.

Мицотакис од Загреб повика на заедничка европска политика кон мигрантите

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повика на заедничка политика на ЕУ за барателите на азил и заштита на надворешната граница на континентот.

Говорејќи на вториот ден од Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, грчкиот премиер рече дека има три работи што требаше да се направат за да се справи ефикасно со мигрантската криза.

„Дозволете ни да ги заштитиме нашите граници, да ја споделиме одговорноста подеднакво меѓу земјите членки и исто така да ја видиме основната причина за проблемот, имено војната и сиромаштијата во некои важни делови на светот“, рече грчкиот премиер, пренесе АНА.

Микотакис ја обвини Анкара дека ја користи миграциската криза за меѓународни преговори и рече дека Европа не може да биде уценувана за ова прашање.

Тој истакна и дека е време за искрен дијалог и помалку неодговорни изјави, додавајќи дека Турција мора да го исполни својот дел од обврската ЕУ-Турција за миграција.

Микотакис истакна дека Европа веќе не може да се преправа дека миграциската криза влијае само на земјите-членки на границите на Унијата и рече дека одредбата од Даблин за бегалците и мигрантите во ЕУ, за жал, е недоволна.

Грчкиот премиер исто така истакна дека Грција се потешко може да се справи со големиот број мигранти кои доаѓаат секојдневно и дека како прва земја во која што доаѓаат мигранти не треба самата да го носи товарот на приливот на мигранти .

САД се заканија : Турција веднаш да се ослободи од руските системи С-400

Турција треба да се „ослободи“ од рускиот ракетен одбранбен систем С-400 , изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент.

Според американските медиуми тој рече дека воведувањето американски санкции против Турција поради набавката на рускиот ракетен систем ,  е сè уште можно.

„Тие можат да изберат дали ќе продолжат  или ќе се ослободат од С-400“, рече тој.

По одлуката на Турција за набавка на современо руско оружје, односите меѓу Анкара и Вашингтон се затегнати, бидејќи САД сметаат дека набавката претставува закана за одбранбените способности на НАТО.

притисни ентер