Ги фатиле во секс на покрив , па мажот го поздрави снимателот (ВИДЕО)

Маж и жена се снимени додека имаат секс на покрив од зграда во Буенос Аирес.

Сведоци ја снимиле целата сцена , а кога двојката сфатила дека ги гледаат , набрзина се облекоа за потоа мажот да направи интересен гест , кој стана хит видео хит.

Мажот му се поклони на снимателот на жешката сцена , пред да го напушти покривот. Видеото е снимено во кваротот Монсрат во главниот град на Аргентина.

Шкода објави фотографија- најавува ли нов модел?

И додека новата Скала добива се поголем број купувачи , а од чешката компанија го најавија најновиот кросовер, Шкода објави најава за нов модел.

Станува збор за помалку заборавената Скаут изведба , како преодно решение до изработката на кросовер моделот. Според официјалната страница на Шкода , и Скала ќе добие своја Скаут верзија. Новите возила во оваа верзија ќе имаат теренски пластични облоги, нов дизајн на тркалата , како и нешто поскромна верзија на моторот од понудената Скала.

Моторот останува ист , односно 1,5 TSI бензинец со 115 Кс.

Познати нови информации за автомобилот вреден 17 милиони евра (ВИДЕО)

Иако со цена од речиси 17 милиони евра стана најспак автомобил на светот , новиот Бугати La Voiture Noire нема класичен мотор , а и кабината и натаму е празна.

Кога Ролс Ројс го претстави Sweptail и информира дека ќе чини 11,5 милиони евра , никој не веруваше дека набргу ќе се појави поскап автомобил. Бугати во Женева го претстави својот La Voiture Noire, вреден 16,7 милиони евра. Но , цената не е фуиксна , зашто таинствениот купувач допрва се сдоговараз а развој на авотмобилот. Рокот на испорака е две и пол години , а за тоа време од компанијата најавуваат завршување на моделот.

Во Женева бил претставен само костурот , додека најскапиот автомобил се уште нема мотор , ниту внатрешни елементи.

,,Тој автомобил не е готов. Само што почнавме со конструкцијата пред половина година, нашиот клиент го прифати предлогот. Автомобилто ќе биде испорачан по две и пол години.Да , дизајнот не е довршен. “ , портврди и портпаролот на Бугати, Тим Браво.

За сега се знае само дека во автомобилот нема да биде вграден моторот V16 од Хирон со 1500 КС, туку електромотор.

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за 60 дена лежење во кревет

НАСА нуди хонорар од 14 000 фунти за сите оние кои се подготвени да учествуваат во експеримент со цел да се дознае како бестежинската состојба влијае на човековото тело.

,,Резултатите од студијата ќе им помогне на научниците да развијат ефективни превентивни мерки , за да им се помогне на космонаутите кои се наоѓаат во вселенските станици.” соопштуваат од НАСА. Иако изгледа лесен , тестот Artificial Gravity Bed Rest Study  бара од учесниците доста напор.

За 14 000 фунти хонорар треба да се издржи експериментот што трае вкупно 89 дена. Дури 60 дена учесниците во експериментот ќе минат во кревет. Положбата на главата ќе им биде пониско за 6 степени од положбата на нозете.

Во текот на тиое 60 дена , сите активности , меѓу кои туширање и вршење нужда , ќе се извршуваат во лежечка положба. Учесниците во тестот секој ден ќе минуваат по 30 минути во т.н. човечка центрифуга , апарат што симулира гравотација.

НАСА сега бара здрави волонтери од женски пол стари од 24 до 55 години , а елспериментот почнува во септември годинава во центарот на НАСА во Келн, Германија.

притисни ентер