Мицотакис: Денеска говореше грчкиот народ

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија додава дека договорот е против „националното чувство" и без согласност од другите партии, но и дека признава македонски јазик и идентитет.

Денеска говореше грчкиот народ и неговиот глас мораме сите да го слушнеме, а прв господинот Ципрас и поддржувачите на Договорот од Преспа, договор кој се подготвуваат да го гласаат без да имаат таков мандат од нивните гласачи, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата по денешниот протест во центарот на Атина против Договорот од Преспа.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија додава дека договорот е против „националното чувство" и без согласност од другите партии, но и дека признава македонски јазик и идентитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Воедно, тој ја обвинува владата дека со употребениот солзавец на денешниот протест, единствено сакала да ги растера граѓаните.

-Денес (владата) не се двоумеше со солзавец да нападне стотици илјади мирни демонстранти. Меѓу нив беа семејствата, мали деца и постари лица. Да знаат сите дека ќе се бараат одговорности за она што денеска се случи на Синтагма. И кои имаа една цел да се растури собирот. Вештачките мнозинства во Парламентот се празни бројки пред милионите Грци кои не се согласуваат. Пропагандата СИРИЗА не може да ја скрие вистината. Станува збор за договор што ја менува децениската надворешна политика, признава македонски идентитет и јазик за соседите и го зајакнува нивниот иредентизам, вели Мицотакис.

Тој потенцира дека следнава седмица, Нова демократија, со аргументи и решително, ќе биде во првите редови во битката да не се ратификува Договорот од Преспа./МИА

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер