Телевизиски дуел на деценијата: Заев-Мицкоски во „Само Вистина“ на Канал 5 - вторник во 18:30!

Канал 5 со гордост соопштува дека ќе биде домаќин на телевизискиот дуел на деценијата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски..

Дами и господа, наши сограѓани, дојде и тој ден.

ДЕНОТ НА ЧИСТАТА ВИСТИНА...САМО ВИСТИНА.

Двајцата најмоќни, но и најхаризматични лидери конечно ќе ги вкрстат копјата пред телевизиските камери.

Првиот,лидер на владејачката СДСМ и Премиер,

Вториот,прв човек на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев, 44 години, економист, и прв најмлад градоначалник на Струмица.

Христијан Мицкоски, 41 година, професор, и најдобар дипломиран студент на машинскиот факултет за 2001 година

Толку ли беше тешко двајцата највлијателни политички фигури, Заев и Мицкоски да почнат да комуницираат, а сега и јавно да се соочат?

Ќе бидат ли предводници на еден нов, реален бран на политичко , но и цивилно помирување?

Зошто за Мицкоски, политиката на Заев и СДСМ е предавничка, а какво пак однесување треба да има Мицкоски, за да му покаже на Заев политичка конструктивност?

Ќе им бидат ли 120 секунди доволни за секој одговор, реплика, контрареплика, дискусија па можеби и кавга?

Ќе си фрлаат ли „отровни стрелички“ еден кон друг, или ќе ни демонстрираат ново политичко џентлменство во Македонија?

ТВ дуелот за Заев и неговиот тим претставува јавени отворен судир на идеи и концепти на двете најголеми партии, а во таборот на Мицкоски се среќни што ќе може да се говори за загрозените слободи и права, како и изневерените очекувања од Владата.

Кој ја отвори Пандорината кутија, а кој е вистински флексибилен лидер?

Кој е автор на т.н. „македонско сценарио“, а кој остава можноста граѓаните во вториот круг од пркос и револт да бојкотираат?

Некој е на „терен“ , некој е пак во Брисел, но кој прашува - каде сме ние, граѓаните на оваа преубава земја?

Одговорите, пред 2 милионска публика ќе ги дадат токму тие – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во Само Вистина во Вторник, 26ти март, во ТВ ДУЕЛОТ НА ДЕЦЕНИЈАТА

Стотици бомби од Втората светска војна се пронајдени на аеродром во Атина,избегната е трагедија

Стотици бомби од Втората светска војна се откриени при работа на местото на поранешниот аеродром Хелиникон во Атина.

Градоначалникот на регионот Елинико-Аргируполи, Јанис Константатос, изјави дека 314 бомби, кои биле складирани од германски војници за време на Втората светска војна, биле уништени во контролирани експлозии.

Тој наведе дека бомбите се наоѓаат два метри под поранешните објекти на Понтичка лига, градинка и спортски објекти во внатрешноста на поранешниот аеродром, како и соседните објекти за Олимписките игри, односно на места каде секојдневно поминувале илјадници луѓе, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според него, бомбите биле пропуштени при реконструкцијата на стариот аеродром во Атина.

Аеродромот Елинико се наоѓа на само неколку километри од центарот на Атина, работеше до 2001 година, а беше затворен по изградбата на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос (АТХ) за Олимписките игри во 2004 година.

На местото на поранешниот аеродром е предвидена изградба на станбен комплекс, комплекс за забава, казино, хотел и парк, како и облакодер висок речиси 200 метри.

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш?

За Неготино предвидуваме убави работи во оваа програма, предвидуваме изградба на експресниот пат Кавадарци до Неготино, планираме изградба на обиколница околу Неготино, планираме завршување на гасификацијата и гасификација на ТЕЦ Неготино. 

Планираме можеби за мене најзначајно најдостоинствени цени за лозарите, за откуп на грозјето кои што ќе значат достоинствено и зголемено производство и она што е многу значајно рестартирање на Повардарие доколку не може на друг начин државата да го рестартира, за да се стави крај во откупот на монополот во откупот на грозје и производството на вино, за да ставиме крај на олигархијата која што ве понижува со понижувачките цени кои што ги даваат за откуп на грозје, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 на денешниот митинг во Неготино во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски пред неготинчани рече дека во секоја општина има по неколку криминалци од СДСМ, но неготинчани за жал имаат двајца од најголемите да се токму во Неготино, посочувајќи дека едниот е актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино.

-Постојат многу причини зошто СДСМ и ДУИ ќе се борат до последен ден, пред се заштита на криминалот и корупцијата. Криминалци има од секоја општина од секое место во Македонија, но вие ја имате несреќата двајца од најголемите да се токму од Неготино. Едниот актуелниот директор на електрани на Македонија, другиот актуелниот директор на ТЕЦ Неготино. И кога се прашувате зошто им го дозволуваат ова што им го дозволуваат на ДУИ, единствениот одговор е за да можат да крадат заедно и едните и другите, нема друг одговор освен ова, истакна тој.

Николоски упати прашање до актуелниот директор на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се гради хациенда како неговата, посочувајќи дали истата е платена од тендерите кои неговата сопруга ги има добиено од крими тендерите во РЕК Битола или пак од неговиот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

-Би сакал одовде да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино со која директорска плата се градата хациенди како да е на Холивуд, со која директорска плата директоре се градат хациенди кои што не се видени на ниедно друго место во Македонија, обичен свет не може да ги замисли, а верувајте и подобри бизнисмени не можат да ги замислат. Дали тоа е со платата или можеби од тендерите која што твојта сопруга ги добива преку нејзината фирма во електрани во Македонија, но сега малку подолу во РЕК Битола, праша Николоски.

Николоски нагласи дека деновиве има сознанија за влијание на граѓаните и притисоци, уцени и закани како и нудење за поткуп, укажувајќи дека ќе има одговорност и за ова, но и за тендерите на мазут.

- И слушам деновиве во нелегални активности на обид за влијание врз гласачи на притисоци, на уцени, на закани на нудење на поткуп на гласачи, за тоа се одговора како што ќе се одговара за криминалот и корупцијата во ТЕЦ Неготино, ние баснословната набавка на мазут нема да ти ја заборавиме, ни првата, ни втората. Ние нема да заборавиме како беа штелувани условите за да не може да се пријави никој друг освен оној кој што го доби тендерот, рече Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Панди нападнаа чуварка во зоолошка, посетителите врескаат во паника (ВИДЕО)

Чуварка на зоолошката градина во градот Чонгкинг била нападната пред бројните посетители, кои испаничени врескале додека ја гледале драматичната сцена.

Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото.

Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот.

Потоа се појавил друг стражар кој и помогнал на колешката да се засолни. Пред животното да го најде својот пат, тие побегнале од заградениот простор, пишува Daily Mail.

Кинеските корисници на социјалните мрежи го коментираа инцидентот, при што еден напиша:

„Се чини дека чуварката била неискусна. Требаше веднаш да побегне, но реши да се обиде да ги спречи“.

Друг додаде: „Нивната сила е неверојатна. За среќа, чуварката на зоолошката градина е добро“.

притисни ентер