Вереникот на Џеј Ло објави што им напишал Барак Обама во приватното писмо

Вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, на Инстаграм го објави писмото што им го испратил поранешниот амерински претседател Барак Обама.  

Обама им ја честита свршувачката на Џј Ло и на Родригез и им посака најубави желби.

,,Џенифер и Алекс, Мишел и јас би сакале да ви ја честитаме свршувачката. По 26 години поминати заедно можеме да ви кажеме дека каков и да биде предизвикот што ќе ви го зададе животот, многу е полесен кога се споделува со оној што го сакаш.” , напишал Обама во честитката , штом ја сподели Родригез на Инстаграм.

This means the world to us. #44

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

Поранешниот играч на бејзбол е во врска со музичката ѕвезда веќе две години , а Алекс искористи романтичен момент на плажа за време на заеничкиот одмор да ја побара Џенифер за жена.

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за стратешко партнерство

Си Џинпинг и Вучиќ потпишаа заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и српскиот претседател денес потпишаа заедничка „заедничка изјава за продлабочување и подигнување на сеопфатното стратешко партнерство на Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, јави дописникот на МИА од Белград.

-Кога станува збор за оваа нова почетна точка, односите меѓу Кина и Србија навистина сакаат да имаат уште посветла иднина, ние сме подготвени да работиме со Србија, да го продолжиме духот на нашето челично пријателство, да се посветиме на нашето пријателство и да го изедначиме. Подобро ќе работиме заедно со Србија, за да ги браниме нашите фундаментални и долгорочни интереси, а кога станува збор за различни меѓународни случувања, сакаме да ја изградиме таа заедница со заедничка иднина, а тоа е дел од нашите напори да придонесеме кон заедницата за заедничка иднина на целото човештво, кажа Си пред потпишувањето на оваа заедничка изјава.

Владите на Србија и Кина потпишаа 29 договори и меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Стано: Присуството на инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Присуството на протоколарен настан како инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Учеството на неколку земји членки на ЕУ на еден протоколарен настан како што беше вчерашната инаугурација на новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, не ја доведува во прашање нивната поддршка за Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Големо мнозинството земји членки решија не присуствуваат од повеќе причини, како што се дека Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд, Путин го крши меѓународното право и Повелбата на ОН, Путин развива многу репресивен систем во Русија... Сите ние, 27 земји членки многу јасно се произнесовме за претседателските избори и кажавме што мислиме за овие т.н. избори, изјави Стано.

Тој нагласи дека во исто време јасен е и ставот на земјите членки на ЕУ во однос на безусловната финансиска, економска, политичка, дипломатска и воена поддршка на Украина .

- Така што учеството на дипломати на протоколарен настан, како вчерашниот во Москва, не е во противречност со договорената позиција на ЕУ и на 27-те земји членки за континуираната поддршка за Украина во нејзината борба против илегалната агресија што ја започна Путин, додаде Стано.

Тој потсети дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги повика земјите членки да не присуствуваат на церемонијата, но нагласи дека сепак одлуката за тоа дали ќе учествуваат на инаугурацијата сепак е билатерално прашање и суверено право на секоја држава.

- Ова не е првпат ЕУ да не успее да дејствува единствено и тука нема ништо невообичаено. Сите земји што решија да учествуваат имаат свои причини за тоа и беа претставувани на различни нивоа, додаде Стано, потенцирајќи дека шефот на Делегацијата на ЕУ во Москва, како и големо мнозинство земји членки на Унијата сепак не присуствуваа на церемонијата.

На прашање дали ЕУ го признава Путин како легитимен претседател на Русија, Стано истакна дека тоа е одлука на 27-те земји членки, а тие досега не донеле решение за непризнавање на легитимноста на Путин, кој како што рече „седи во Кремљ и од Кремљ раководи со една од најсуровите и накрвави агресии во поновата историја на Европа“.

„Гардијан“: Додека Белград го пречекува Си, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад

Додека Белград го пречекува Си со највисоки почести, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент.

Кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија на втората етапа од својата европска турнеја, а властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина, пишува „Гардијан“.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот

Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност.

Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.

Експертите велат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.

притисни ентер