ПОЛНЕТО ПИЛЕШКО СО СПАНАЌ

Рецепт на: Теодора Георгиевска.

Гледајте „Избор на најдобри рецепти“, секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот.

Потребни состојки:  4 парчиња стек, 200-300 гр. спанаќ, 4-5 лажици рикото кремасто сирење, 200-300 гр. ориз, 500 гр. златна мешавина, 1 страк млад кромид, масло по потреба, сол, зачин од сув зеленчук и бибер по вкус.

Постапка:

Во тава со загреано масло малку се пропржува сечкан спанаќ.

Потоа се зачинува со малку сол и се додава 4-5 лажици рикото сирење.

Парчињата стек се сечат на половина, се посолуваат и се полнат со смесата од сирење и спанаќ.

Полнетите парчиња стек се ставаат во тепсија и се печат во загреана рерна околу 25 минути на 220 степени.

Додека се пече полнетиот стек се подготвува прилогот.

Оризот се става во тенџере со вода за да се свари.

За тоа време во тава со загреано масло се пропржува сечкан млад кромид.

Потоа се додава варениот ориз и варената златна мешавина.

Сите состојки се пропржуваат со постојано мешање и се зачинуваат со сол, зачин од сув зеленчук и бибер по вкус.

Прилогот се сервира заедно со полнетиот пилешки стек.

Меган Фокс: Од 300 фотографии на 297 изгледам како леш

Меган Фокс, секс симбол и една од најубавите жени во светот, има проблем како и секоја просечна девојка.

Таа на својот инстаграм објави три селфиња на кои изгледа како бижица, но додека ги направи совршените фотографии, таа се изнамачила.

-Направив 300 фотографии и на 297 изгледам како реанимиран леш од египетски фараон. Успех од 1%, напиша таа шеговито во описот на фотографиите кои ги постави.

Проверете дали вашата лозинка е се уште сигурна?!

„Google“ оваа година го направи „Password Checkup add-on“ за корисниците не „Google Chrome“ со чија помош можете да проверите дали вашата лозинка е „хакирана“

Доколку се пријавувате на некое место со лозинка или корисничко име кои некогаш се нашле на мета на хакери, тогаш ќе добиете известување за тоа. Доколку добиете вакво известување, најдобро е да ги промените вашето корисничко име и лозинка. „Password Checkup add-on“ ја овозможува оваа функција така што споредува податоци од веќе хакирани компјутери.

Само во првиот месец на користење на оваа алатка биле скенирани 21 милион кориснички имиња и лозинки од кои 316 илјади се покажале како небезбедни.

Барни Стинсон се забавува во Хрватска

Нил Патрик Харис познат во јавноста по улогата на Барни Стинсон во серијата „Како ја запознав вашата мајка“, моментално е на одмор во Хрватска.

Судејки по видеата што ги поставува на социјалните мрежи, се чини дека тој лудо се забавува.

Тој времето го поминува на брод кој плови по Јадранот, Нил сподели и видео од неговото патување на социјалната мрежа Инстаграм кое го виделе повеќе од 720.000 негови обожаватели.

притисни ентер