Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница

Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница. Одделнието е затворено, а пациентите за операција се препраќаат во охридската болница или во Скопје.

Ваквата одлука е донесена откако 50 проценти од вработените во овој оддел се заболеле од морибили, посочи Владимири Кочовски началник на хируршкото одделение.

Од Центарот за јавно здравје посочија дека минатата недела најголем бил пикот на заболени од морбили 130. Најголем број од болните се надвор од Скопје.

Бројот на вкупно заболени од стартот на епидемијата во Струга е 126.

Русин гризнал мечка за јазик и се спасил од сигурна смрт!!

Русинот Николај Иргит  од сибирското село Кут бил нападнат од мечка додека бил на лов во шума. 

За време на битката за живот и смрт, Русинот во еден миг успеал со цела сила да ја гризне мечката за јазикот , по што големото животно  побегнало. Николај се спасил од сигурна смрт .

Според руските медиуми инцидентот се случил пред десетина дена  во шумата во регионот Тува на југот на Сибир.

Николај во шумата бил со пријатели  со цел илегално да ловат елени за потоа да ги продаваат нивните рогови.

Иргит раскажал дека откако со пријателите направиле камп се разделиле за да имаат што повеќе успех во ловот.

-Влегов длабоко во шумата и налетав на огромна сибирска црна мечка, тешка околу 600 килограми. Многу се уплашив. Почнав да врескам во обид да го исплашам животното. Меѓутоа, не успева, мечката тргна кон мене. Немав можност да бегам, знаев дека морам да се борам.Мечката започна да ме гризе  и да ми го кине месото. Во еден момент ја отвори многу вилицата, јас во тој миг со цела сила го гризнав животното за јазикот, му откинав дел од него, што веројатно многу ја исплаши мечката. Големото животно се откажа од борбата и побегна, раскажал Николај пред медиумите.

Иако тешко повреден Николај успеал да ги пронајде пријателите кои веднаш повикале итна помош. Иргит во критична состојба бил пренесен во болница, а лекарите  изјавиле дека и покрај многуте и тешки повреди тој целосно ќе се опорави и ќе продолжи нормално да живее.

Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

Леди Гага го теши Бредли Купер??

Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.

-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата.

Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат  во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат  врска на „платонско ниво“.

-Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.

притисни ентер