Задутре ќе биде претставена најпрестижната Шкода (ВИДЕО)

Во четврток во Братислава Шкода ќе го претстави обновениот Суперб , како и уште неколку изненадувања.

Освен што го подготви својот нов електричен модел за промоцијата , Шкода се реши на крајот на мај да претстави бројни изненадувања поврзани со Суперб.

За прв пат Суперб ќе добие уште една каросериска изведба , а ќе биде претставен и караван верзијата , односно Суперб Скаут. Овој модел не звучи привлечно , но од Шкода се убедени дека има голем интерес за ваков тип возила и предност пред конкурентите во прв ред од Олроуд на Ауди.

Освен новите ЛЕД светла , Суперб добива и плаг-ин хибридна верзија со 215 Кс максимална сила и 50 километри со едно полнење. Она што е интересно е луксузната верзија Laurin&Klement.

Оксфорд доби донација од 188 милиони долари за етика на вештачката интелигенција (ВИДЕО)

Милијардерот Стивен Шварцман , даде најголема поединечна донација од основањето на Универзитетот во Оксфорд и тоа за истражување на етиката на вештачката интелигенција.

Со донацијата од 188 милиони долари ќе се основа институт , кој ќе го носи името на Шварцман. Институтот ќе се вика ,,Центар за хуманистика Стивен Шварцман” и ќе ги обедини сите химанистички студии на овој престижен британски универзитет. Хуманистика ќе се учи на катедрите по Англиски , историја, лингвистика, филозофија , теологија и религија.

Во рамките на центарот ќе работи и Институт за етика на вешташка интелигенција , каде ќе се изучуваат етичките влијанија на вештачката интелигенција и другите видови технологии.

Се очекува Центарот да биде отворен во 2024 година.

Дрогиран возеше во контра насока , но наиде шлепер (ВИДЕО)

Секое возење во обратна насока завршува со несреќа , така што и последнито случај во Колорадо не е исклучок.

На патот И-74 во американската држава Колорадо , се случи тешка несреќа кога камионет возеше во спротивна насока. Камионетот се движеше со брзина од околу 100 км/час во обратна насока , кога наеднаш с епојави огромен шлепер.

Иако фронталниот удар не беше со целата површина , поради брзата реакција на возачот на црвениот шлепер , камионетот помина лошо. По ударот дури и се запали .

Среќа е само што и двајцата возачи поминале со полесни повреди . Камиониот целосно изгоре до доаѓањето на пожарникарите , а патот два часа беше блокиран.

Возачот на камионетот , 24 годишниот Тајлер Ваналсбург е притверен и обвинет за возење под дејство на наркотички средства.

Расел Кроу откри зошто одбил улога што можела да му донесе 100 милиони долари (ВИДЕО)

Актерот Расел Кроу во Тв шоуто на Хауард Стерн откри зошто ја одбил улогата во првиот дел на филмнот ,,Господар на прстените”.

На австралиската ѕвезда му биле понудени 10 проценти од профитот на филмот , наместо однапред платен износ , само доколку ја прифати улогата на Арагорн во првиот дел на сагата од 2001 година. ,,Не мислев дека Питер Џексон навистина ме сакаше во филмот. . Мислам дека беше принуден да разговара со мене , зашто во тоа време сите ме сакаа во своите филмови.” , вели Кроу.

Тој вели дека со Џексон разговарале по телефон , но можел по гласот да насети дека не сака тој да настапуи во неговиот филм. Филмот заработи над 870 милиони долари во светот , а Кроу веројатно би добил околу 100 милиони.

На прашањето на Стерн дали секој ден размислува за оваа пропуштена шанса , холивудската ѕвезда рече дека никогаш не размислувал за тоа.

Во ова интервју тој раскажа и дека ја пропуштил улогата на Вулверин во Икс мен и го предложил Џекман , кој многупати до сега јавно му се заблагодарти на Кроу за улогата.

притисни ентер