ВМРО-ДПМНЕ: Изминатите две и половина години владеење на СДСМ, власта потроши повеќе од осум милијарди евра буџетски средства

Во Република Македонија, аболицираниот Заев и неговата криминална банда спроведуваат општ грабеж на народните пари.

Во изминатите 2 и половина години владеење на СДСМ, власта потроши повеќе од 8 милијарди евра буџетски средства, пари на граѓаните, притоа без да реализира ниту еден крупен капитален проект од интерес за граѓаните.

Се поставува прашањето каде се парите? Каде се парите на граѓаните, каде се парите од секојдневното безмилосно задолжување, пари кои ќе треба да ги враќаат иднините генерации.

Одговорот е едноставен, парите на граѓаните завршија во џебовите на партиските и државните функционери, народните пари завршија во џебовите на сите оние послушници на Зоран Заев.

Парите на даночните обврзници служат за исплата на партиските војници, буџетската сметка СДСМ и Зоран Заев ја третираат како своја лична своина од која преку криминални тендери , грантови и партиски вработувања.

Народните пари завршуваат во џебовите на сите оние внуци, деца, мајки, татковци, роднини кои се вработија во државната администрација во епидемијата на непотизам која владее во Македонија од денот кога Зоран Заев седна во премиерската фотелја.

Нашите пари завршуваат на сметките на сите оние фирми кои во четири очи договорија криминални тендери како примерот со фирмата на невенчаниот сопруг на министерката за труд и социјала, Мила Царовска, тендер во вредност од 5 милиони денари.

Ништо не е вечно па така з а сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани. Ќе одговараат за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ескобар: Не сум сменет, ми истече мандатот, си заминувам кон крајот на месецов

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека му истекол мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека му истекол мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата и посочи дека е лажна вест дека е сменет.

Новинарите на Телеграф присуствуваа на брифингот на кој говореше американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Во текот на викендот наводен новинар пишуваше за моето разрешување и поврзаноста со српската влада и сакам да кажам дека сѐ во тие написи е лага. Сопругата не добиваше пари од ниту една странска влада. Во секоја амбасада каде што работев во Боливија, Португалија, Италија и Србија, таа контактираше со луѓе без никакво плаќање“, рече Ескобар на онлајн прес-конференцијата.

Како што рече, лажно е и тврдењето дека изворот за ова е од Конгресот, кој наведува дека Конгресот не одлучува за неговото именување.

„Оваа вест се појави набргу откако комуницирав со владата во Приштина. Ова е вид на дезинформација што едноставно не е точна. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадоа Стејт департментот, лидерите и новинарите со кои работев. “ изјави Ескобар.

САД ја прекина пратката од 3.500 бомби за Израел пред офанзивата во Рафа

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа, јавува денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појасни дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби со тежина од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

„Бидејќи се чинеше дека израелските лидери се блиску до одлука минатиот месец за таква операција, почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“, рече официјалниот претставник.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходното соопштение на Хамас дека палестинската милитантна група се согласила со египетско-катарски предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%, а на парламентарните 37,44%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2271 избирачки места. 

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 42.31 %

Изборна единица 2 36.69 %

Изборна единица 3 41.02 %

Изборна единица 4 36.88 %

Изборна единица 5 35.95 %

Изборна Единица 6 29.14 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Државна Изборна Комисија

притисни ентер