ОСВЕЖИТЕЛЕН ХЕЛЕН ЧИСКЕЈК

Рецепт на Елена Павловска

Потребни состојки:, околу 500 мл. слатка павлака, 200 гр. шеќер во прав, 200-300 гр. крем сир, 90 гр. путер, 300 гр. плазма кекси, 300 гр. микс од аронија, брусница и боровница , 1 лажичка густин и 1 лимон.

Постапка:

Во подлабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се згусне.

Се додава шеќер во прав и се продолжува со матење.

Потоа се додава крем сир и се продолжува со матење се додека не се добие хомогена смеса.

За тоа време во друг сад се блендира путер и дробени плазма кекси.

Белиот крем се става во шприц.

Блендираниот путер со плазма кекси се распределуваат во пластични чашки,

Одозгора се става од белиот крем со шприц.

Врз кремот се додава каша од: густин,  микс од аронија, брусница и боровница и еден лимон.

Џон Леџенд е најсексапилниот човек на светот!!

Американскиот пејач и актер Џон Леџенд е прогласен за најсексапилниот жив човек на светот во изборот на магазинот „Пипл“.

40 годишниот Леџенд е во брак со прекрасната манекенка Криси Тајген со која има две деца.

Инаку, тој е првиот афроамериканец кој успеал да ги обедини наградите Еми, Греми, Оскар и Тони, пренесе „Ројтерс“.

„Возбуден сум, но во исто време малку сум и исплашен, бидејќи тоа е голем притисок за мене.Секој сега ќе ме гледа за да види дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула, изјавил Леџенд за магазинот „Пипл“.

Минатата година истата титула ја доби британскиот актер Идрис Елба.

Ријана: Ми се чини дека Трамп во моментов ментално е најболното битие во САД

Светската музичка ѕвезда Ријана во исцрпен разговор за „Вог“ зборувала за своите модни и музички подвизи. Но, Ријана го коментирала и претседателот на САД , Доналд Трамп.

Мегапопуларната пејачка досега неколку пати јавно го прозвала претседателот Трамп.

Кога првиот човек на Белата куќа неодамнешното пукање во Ел Пасо го нарекол чин на кукавици кој е резултат на ментални проблеми, Ријана му одговорила дека погрешно го спелува тероризмот.

-Луѓето се убиваат со оружје кое легално го набавуваат. Ова едноставно не е нормално. Тоа никогаш не би требало да е нормално. А факт е дека е класифицирано како нешто поинакво поради бојата на нивната кожа?Тоа е шлаканица в лице. Целосно е расистички. Ставене Арапи со истотот оружје во тој ист Волмарт во Ел Пасо и нема шанси Трамп  таму да би седел и да зборува во јавноста за ментални проблеми. Ми се чини дека претседателот Трамп во моментов е ментално најболното човечко битие во Америка, изјавила Ријана.

Фото: Деколтето на Карлеуша

Бујните гради во прв план, покрај вакво деколте, тешко дека некој ќе ја погледне во очи!

Атрактивната пејачка Јелена Карлеуша уште еднаш ги израдува своите многубројни фанови на социјалните мрежи со провокативна фотка.

Популарната Џеј Кеј одлучила да облече тесен фустан кој во преден план ги истакнал нејзините бујни гради.

Фотката експресно добила илјадници лајкови.

Фановите на Карлеуша коментираат дека вакво деколте тешко се заборава.

Популарната пејачка инаку,  редовно ги воодушевува своите фанови со „жешки“ фотки на социјалните мрежи.

притисни ентер