Од понеделник градскиот базен во Охрид ќе биде отворен за употреба

Отворениот базен што функционира во рамки на ЈП „Билјанини извори" во Охрид од понеделник ќе биде отворен за корисниците.

Изминатиот период јавното претпријатие спровело активности неопходни за активирање на базенот, како проверка на системот за прочистување и одржување на квалитетот на водата во базените, комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен, како и уредување на просторот околу двата базени.

Градскиот базен „Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 до 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 до 20 часот за сите рекреативци.Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.

Видео: Вујче Луис Хамилтон игра со внуците

Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон , сподели на својот Инстаграм профил видео на кое игра со внучето.

Уживам во улогата на вујко. Морам да поминувам време со децата на мојата сестра, кои ги обожувам. Должност на вујкото е да ги слуша своите внуци, добриот вујко никогаш не вели не. Напиша Хамилтон откако го објави видеото.

Фото: Сака да има најголеми силиконски гради на светот!!

Жената која го шокираше светот со изјавата дека се прогласува за „афроамериканка“ , по денови и денови минати во солариум сега е во трка по нов рекорд.

Германката која се преставува како Мартина Биг во утринска програма на британска телевизија зборувала за своите минати и идни хируршки зафати.

31 годишната Мартина пред неколку години го привлече вниманието на јавноста со црниот тен и огромните силикони во градите сега има нова цел.

Да ги вгради најголемите силикони на светот во градите!!

-Во моментов рекордот го држи жена која има по девет литри силикон во секоја од дојките.

-Но, моите имплантанти се најголеми на светот поради тоа што се направени  да може да примат по 20 литри силикон, открила Мартина во емисијата.

Загрижениот водител ја прашал Мартина како ќе ги носи тешките гради.

-Чекор по чекор. Сакам да се обидам. Кога ќе бидам постара ќе ги намалам силиконите во градите, но сега сакам да бидам се поголема и поголема, истакнала Мартина.

Ауди одбележува 25 години „RS“

Пред полни 25 години се појани првиот Ауди „ RS“, моделот „RS2“ Авант.

По овој повод компанијата Ауди реши покрај постоечките „RS“ модели, да најави уште два сосема нови.

Иако многу луѓе се надеваа на Ауди „R8“ во „ RS“ изведба, тоа нема да се случи. Новите два модели ќе бидат дел од SUV сегментот.

притисни ентер