Културните работници со апел до Заев: Метлата да не го „чепка“ МКЦ

Поголема група културни работници го кренаа гласот против најавената промена на раководството во Младинскиот културен центар.Околу 250 независни уметници и културни работници со отворено писмо до премиерот Зоран Заев бараат да ја спречи промената. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во Пустец ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

- Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

Во црквата „Св. Спас“ се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев.

На вечното почивалиште на Делчев цвеќе положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани....

притисни ентер