На Хималаите пронајдени тела на седум исчезнати планинари

Телата на седуммина планинари кои исчезнаа минатиот месец беа пронајдени на Хималаите

БиБиСи објави дека тимот на спасители го бара телото на осмиот планинар.

Тоа е група на планинари во коja имало четворица Британци, двајца Американци, еден Австралијанец и еден Индиец. Тие се обидувале да се искачат на вториот највисок врв на Хималаите.

Планинарите исчезнаа меѓу два глечери на надморска височина од 5.380 метри над врвот Нинда Деви.Се верува дека загинале во лавината при искачувањето.

Контактот со нив бил изгубен на 26 мај, на ден пред да падне лавина. Групата беше предводена од искусен алпинист Мартин Моран.

Нњеколку пати овој месец биле организирани спасувачки кации , но обидите да се најдат нивните тела пропаднале откако хеликоптерите неколку пати не успеаја да ги донесат спасувачите на планината.

Се верува дека на спасувачите ќе им треба околу три дена да ги вратат телото во базниот камп.Тимот од 50 планинари овој пат тргна во мисија да ги донесе телата на загинатите..

"Ова е најтешката мисија на индиските спасувачки тимови за враќање на телата на планинарите од повисоките делови на Хималаите", рече претставник на индиските власти .

Во групата од која беа исчезнатите планинари, имаше уште четворица планинари кои беа спасени претходно овој месец.

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер