Пендаровски – Маас: Потврдена силната поддршка од Германија за европската интеграција на Република Северна Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Пендаровски оценил дека Сојузна Република Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Република Северна Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изразил задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.

Пендаровски и министерот Маас размениле мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакнал дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмирал очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. /МИА

Сноуден , кој се крие во Русија , се надева Макрон да му даде азил во Франција

Американскиот свиркач Едвард Сноуден се надева дека Франција ќе му даде азил , вели во интервју за француското радио Интер што ќе биде објавено утре.

Сноуден вели дека би сакал францускиот претседател Емануел Макрон да му овозможи живот во неговата земја. За сега не се знае кога и каде е направено интервјуто.  

- Не е само Франција, туку западниот свет, системот во кој живееме. Заштита на свиркачи не е непријателски чин. Да се прифати некој како мене, не значи напад на САД “, рече Сноуден за изјавите.

Сноуден, американски свиркач, живее во Русија од 2013 година, каде што избегал и добил азил и добил дозвола за престој до 2020 година.

Многу активисти за човекови права го сметаат за херој, а американските власти сакаат да го тужат за објавување класифицирани информации и го обвинија за шпионажа и откривање државни тајни.

На 17 септември Сноуден ќе ги објави своите мемоари во дваесетина земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Велика Британија, Бразил, Тајван.

Младиот јапонски пијанист Томохиро Адачи ја воодушеви публиката во „Света Софија“

Впечатлив настап имаше младиот јапонски пијанист Томохиро Адачи кој одржа концерт синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Националната установа „Охридско лето“.

Адачи покажа маестрална изведба на внимателно избраниот репертоар, и со неверојатна леснотија и префинета техника ја воодушеви публиката која го награди со бурни овации и бисеви.

-Се чувствувам феноменално и сум многу среќен по завршувањето на овој концерт. Црквата е прекрасна, а исто така и акустиката е одлична. Пијаното што го поседува фестивалот „Охридско лето“ на кое што свирев беше совршено, изјави пијанистот Адачи.

На концертната програма се најдоа дела од различни композитори.

-Отсвирив хрватски композиии на Дора Пејачевиќ. Сакав да го ставам овој исклучително добар композитор на синоќешниот репертоар. На публиката ѝ доловив и дела од јапонски композитори, свирев композиии на Франц Лист, на Фредерик Шопен, на Рихард Вагнер, на Астор Пјацола, а ја пренесов и познатата „За Елиза“ од Лудвиг ван Бетовен, додаде Томохиро Адачи.

Хрватската музика, како што вели пијанистот,има посебно место на неговиот репертоар бидејќи музичката академија ја завршил во Хрватска.

-Кога завршив средно училиште во Јапонија, веднаш се запишав на Академијата за музичка уметност во Загреб.Тогаш првпат се сретнав со делата на хрватските композитори бидејќи во Јапонија не ги изучувавме. Тоа беше предизвик за мене, нешто ново и инспиративно. Хрватските композитори создаваат прекрасна музика, и тоа ме привлече уште повеќе да се занимавам со нив и нивните композиии, вели Адачи.

Овој млад пијанист го основа и јапонско-хрватското музичко друштво во Токио преку кое организира многу концерти на врвни музичари, секогаш со една цел, воведување на хрватските мелодии и култура во Јапонија.

И самиот тој, на своите настапи изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.  Иако млад, позади овој исклучително добар уметник стои богата интернационална кариера во Источна Азија, Европа и Австралија и многу награди за неговата маестрална пијанистичка активност.

За добрата атмосфера на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“, придонесе и јапонската пијанистка Јоко Намазаки која на крајот изведе три композии заедно со Томохиро Адачи.

Мотоциклист прегазил полицаец на должност

Во населбата Хиподром , 45- годишен мотоциклист удрил во полицаец на должност , кој бил повреден и пренесен во клиничкиот центар.

Вчеравечер во 22.30 часот на Железнички премин на ул.„Благоја Стефковски“ во населба Хиподром, Скопје, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во полициски службеник кој извршувал службении дејствија.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР. 

притисни ентер