СВИНСКО ФИЛЕ СО ПЕЧУРКИ

 Рецепт на  КРИСТИЈАН ФЕСКОВ

         Потребни состојки: 200 гр. свинско филе, 200 гр.печурки, ½ главица кромид, 1 чешне лук, малку маслиново масло, малку путер, малку бело вино, малку фонт од зеленчук, неколку  суви смокви, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Месото се сече на парчиња и се зачинува со сол.

Парчињата месо се печат од едната страна и се зачинуваат со малку бибер.

Потоа се печат од другата страна и се оставаат да отстојат премачкани со путер.

За тоа време се подготвува сосот.

Печурките и кромидот ситно се сечкаат и се пропржуваат во тава со загреано маслиново масло.

По неколку минути состојките се зачинуваат со сол и бибер  и се додава лукче и малку путер.

Се додава малку бело вино и откако ќе испари, се додава фонт од зеленчук.

Месото се прелева со сосот и се декорира со неколку суви смокви.

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер